„Зошто си го истетовирав речиси целото тело?“

„Бев дете со прекумерна тежина, го мразев начинот на кој изгледам и тоа е главната причина поради која почнав да се тетовирам. Сега, сакам да си ја гледам кожата...“

bev-dete-so-prekumrena-tezhina-sega-ne-mozham-da-prestanam-da-si-go-tetoviram-teloto-01.jpg

Бетани Мур (26) од Лондон потрошила 24.000 евра и повеќе од 300 часа на тетовирање на своето тело за да си ја подобри самодовербата.

На својот Инстаграм профил има повеќе од 161.000 следбеници и вели:

„Луѓето на социјалните мрежи имаат измешани реакции. Некои ме поддржуваат, додека други ме осудуваат и ми велат дека си наштетувам сама на себе.“

bev-dete-so-prekumrena-tezhina-sega-ne-mozham-da-prestanam-da-si-go-tetoviram-teloto-03.jpg

Таа вели дека уште од дете се борела за да го прифати изгледот на своето тело.

„Бев дете со прекумерна тежина, го мразев начинот на кој изгледам и тоа е главната причина поради која почнав да се тетовирам. Сега, сакам да си ја гледам кожата.

Имањето убава уметност на мојата кожа ме инспирираше да почнам со фитнес и трчање и постигнав резултати за кои не верував дека се можни. Па, тетоважите имаа огромно позитивно влијание врз мене и физички и психички.“

bev-dete-so-prekumrena-tezhina-sega-ne-mozham-da-prestanam-da-si-go-tetoviram-teloto-06.jpg

Бетани има и 9 пирсинзи на ушите, јазикот и папокот, а првата тетоважа ѝ била пред 19-иот роденден во чест на починатото семејно куче Турбо.

Бетани вели дека нејзиниот партнер Џош ѝ е огромна поддршка и дека и тој има низа тетоважи на себе.

bev-dete-so-prekumrena-tezhina-sega-ne-mozham-da-prestanam-da-si-go-tetoviram-teloto-07.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам ретко генетско нарушување: Последен пат јадев пред 4 години, не смеам да пијам вода“ „Што и да правам, мојот ден запира во 16 часот - мора да сум дома за да примам и...
Родила 51 дете, па направила операција за да не забременува - Која е „најплодната жена во светот“? По присилниот брак со многу постар маж, Маријам од Уганда првпат родила кога бил...
„Моите деца се родија со 24 дена разлика – по 2 спонтани абортуси, останав бремена во исто време со ... „Лекарот ми рече дека немам потреба од ин витро. Јас останував бремена и не ми т...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...
„Дечко ми ме замоли да престанам да работам, бев девојка - домаќинка, па ме остави“ Девојка од Калифорнија на Инстаграм презентираше дека води идиличен живот на дом...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg