Тие се оган на сцената: Парот што триумфираше на Светското првенство за латино танци 2021 (фото+видео)
- Детали
- вторник, 07 декември 2021
Тие беа европски шампиони во латино танци, а сега станаа и светски шампиони. Начинот на кој танцува овој пар од Германија е нешто најблиску до совршенство...
Во саботата (04.12) беа крунисани победниците на Светското првенство во латино танци, кое се одржа во Германија. Тие веќе беа носители на титулата шампиони во латино танци на ниво на Европа, а сега се и светски шампиони.
Станува збор за Кристина Мошенска и Мариус-Андреј Балан, кои триумфираа во нивната родна земја. За Кристина ова беше 4-та светска титула, а за Мариус прва.
Од последната титула на Кристина на светско првенство поминати се 7 години, па таа вели дека со нејзиниот успех да триумфира повторно по толку години, сака да им даде пример на помладите генерации да имаат трпение, да не се откажуваат и да тренираат напорно, да веруваат и да го сакаат тоа што го прават.
На настанот учествуваа 64 парови, а публиката уживаше во огнената енергија на подиумот.
Нивниот настап na Светското првенство: