Брижит Макрон (68), првата дама на Франција, направи моден погодок со костим, покрај 24 години помладиот сопруг
- Детали
- вторник, 16 ноември 2021
Во едно интервју Брижит, која е 24 години постара од сопругот, францускиот претседател Емануел Макрон, изјави дека е свесна дека нивниот брак е нетипичен, но не може да разбере од каде толкаво ниво на агресивност кон нив.
Брижит Макрон (68) направи уште еден моден погодок со шик есенски стајлинг. Првата дама на Франција се појави во костим додека беше на настан за поддршка на француските спортисти во близина на Париз.
Во класичниот сив костим со риги со сив шал и чизми на нозете, таа уште еднаш покажа која е моќта на минимализмот. Брижит знае која е совршената доза за да изгледа и шик и елегантно.
Поранешната учителка, која е 24 години постара од својот сопруг, со особена внимателност ги бира стајлинзите и е информирана за последните модни трендови.
Секое нејзино јавно појавување е модна лекција.
Но и покрај сите нејзини квалитети, сепак за јавноста секогаш најинтересна е разликата во години со нејзиниот сакан.
Во едно интервју Брижит изјави дека е свесна дека нејзиниот брак е нетипичен, но не може да разбере од каде толкаво ниво на агресивност кон нив.
Фотки од последното појавување на парот:
Прочитајте и Првата дама на Франција во патики и фармерки - Брижит Макрон (68) повторно направи моден погодок
С. С. | Црнобело