Првата дама на Франција во патики и фармерки - Брижит Макрон (68) повторно направи моден погодок
- Детали
- четврток, 26 август 2021
Таа е 24 години постара од својот сопруг, претседателот на Франција Емануел Макрон, но тоа не ја спречува енергично и посветено да се појавува на сите актуелни настани и случувања. Плус, со право ја носи титулата модна икона.
Првата дама на Франција, Брижит Макрон (68), се појави на Францускиот филмски фестивал во фармерки, бело сако, кошула и патики на нозете.
Таа и овојпат направи моден погодок.
Најголемо внимание привлече нејзиниот дијамантски прстен, додека им испраќаше бакнежи на фановите, а околу неа имаше неколку членови на нејзиното обезбедување. Станува збор за нејзиниот свадбен прстен, кој го доби од Емануел Макрон на венчавката во 2007 година.
Инаку, Макрон секогаш е интересна за светските медиуми поради големата разлика во години со нејзиниот сопруг, актуелниот претседател на Франција. Таа е 24 години постара од него, а го запознала кога имал 15 години.
Во текот на денот Брижит ги замени патиките со чевли на висока потпетица.
Повеќе фотки од стајлингот на Брижит Макрон:
С. С. | Црнобело