Исповед на жена од САД: „Како му се одмаздив на сопругот за неверството и заработив милиони?“

„Кога дознав дека сопругот има афера со 19-годишна девојка, поднесов документи за развод и си заминав“ – вели Габриел Стоун. Како нејзината несреќна приказна ѝ донела милиони и успех во кариерата?

akterka-otkriva-kako-mu-se-odmazdiv-na-soprugot-za-neverstvoto-i-zarabotiv-milioni-01.jpg

Габриел Стоун (33) од САД на социјалните мрежи ја раскажува сопствената приказна за тоа како неверството на сопругот ѝ го донело најголемиот успех во животот. Габриел е актерка која се појавува во повеќе епизодни улоги, а е ќерка на актерите што беа попознати во 80-тите години на минатиот век Ди Валас (мајката во филмот ET) и Кристофер Стоун.

Денес, Габриел е многу попозната како авторка и писателка, која го напиша романот „Eat, Pray, #FML“ во 2019-та година, а која беше огромен хит и ѝ донесе вистинско богатство.

https://www.instagram.com/p/CL4XShVBOdd/?utm_source=ig_web_copy_link

Сепак, како што појаснува и во сопствените објави на социјалните мрежи, приказната во романот ја следи нејзината вистинска приказна.

Таа дознала дека сопругот во период од шест месеци имал афера со 19-годишна девојка, откако видела нејзини фотографии направени во нивната дневна соба. Како што појаснува Габриел, нејзиниот поранешен сопруг дури одлучил и да оди на одмор со родителите на љубовницата, а ги излажал и дека се вика Даниел.

„Веднаш поднесов документи за развод. Го напишав бестселерот Eat, Pray, #FML … Купив куќа, а на главниот лик му го дадов името Даниел“ – вели таа.

@gabrielle_stone

The best part of this video is my dog understanding the assignment. ##divorce

♬ Do It To It - ACRAZE

Слично како и во романот, Габриел само две недели по разводот се вљубила во друг човек со кого биле два месеци во врска. Кога требало заедно да одат во Италија, тој ѝ рекол дека сепак ќе одлучи да оди сам. По ова, Стоун одлучила сама да замине на патување и да продолжи сингл.

„Во следната врска сфатив дека никогаш не сум ни била вљубена во сопругот. Го сакав, но мислам дека не бев вљубена. Па така кога сè се случи немав проблеми со скршено срце. Повеќе се чувствував како да сум жртва на предавство и бев гневна. Но, кога си заминав бев во ред. Сепак, следната врска, онаа што заврши веднаш пред да заминам за Европа ми го скрши срцето на милион парчиња“ – рече Габриел за Fox News.

По успехот со првата книга, Габриел сега објави уште еден роман, a како што може да се забележи и од нејзините објави на социјалните мрежи, ужива во врската со нејзиното ново момче.

Според податоците достапни на интернет, Габриел Стоун во моментов има богатство од околу 1.5 милиони долари.

Погледнете повеќе нејзини фотографии во продолжение:

https://www.instagram.com/p/CNpfobTh_4B/?utm_source=ig_web_copy_link

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојка отиде на соло меден месец, откако ѝ починал свршеникот - на 1 месец пред свадбата Лора од Канада одлучила да замине на планираниот меден месец, иако соло, за да в...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Девојка од Австралија 12 години патува сама низ светот и спие бесплатно по хотели (фото) „Животот ме одведе во хотели со 5 ѕвезди, летови со прва класа, најубави рестора...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
„Јас сум му вујко на мојот син - донирав сперма за сестра ми да добие бебе“ Млад Британец го споделува своето искуство за тоа како донирал сперма за неговат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg