Ученици собрале пари за бионички екстремитети на наставничката која ги изгубила рацете и нозете, за да може да им се врати

Наставничка од Англија останала без раце и нозе поради септички шок и мислела дека никогаш нема да се врати на работа, но нејзините ученици помогнале во собирањето пари за бионички екстремитети, па за неполни две години од несреќниот настан, таа се вратила во училница.

nastavnichka-gi-izgubila-racete-i-nozete-od-sepsa-uchenicite-pomognale-da-sobere-pari-za-bionichki-ekstremiteti-01.jpg

Кат Трегена е 47-годишна наставничка од Англија која ги изгубила рацете и нозете поради септички шок, но сега има бионички екстремитети благодарение на нејзините ученици и колеги од училиштето.

Во ноември 2019 година Кат порано си заминала од работа бидејќи се чувствувала лошо и тогаш помисла дека можеби има грип.

Бидејќи било петок, планирала викендот да седи дома за до понеделник да ѝ биде подобро. Но, симптомите почнале да ѝ се влошуваат, па решила да се консултира со медицинско лице по телефон.

nastavnichka-gi-izgubila-racete-i-nozete-od-sepsa-uchenicite-pomognale-da-sobere-pari-za-bionichki-ekstremiteti-07.jpg

Лекарот сфатил дека симптомите што ги има Кат се всушност симптоми за сепса, па веднаш испратил возило за брза помош кај неа.

„Во недела попладне се јавив кај лекарот и тие ми испратија возило, а мислам дека тоа ми го спаси животот. Веднаш ме однесија во болница и истото попладне имав неколку инфаркти, а неколку органи престанаа да ми работат“, раскажува Кат.

nastavnichka-gi-izgubila-racete-i-nozete-od-sepsa-uchenicite-pomognale-da-sobere-pari-za-bionichki-ekstremiteti-04.jpg

Сакајќи да го спречат ширењето на сепсата, лекарите веднаш ѝ ги ампутирале нозете од колената надолу, како и рацете од лактите надолу.

nastavnichka-gi-izgubila-racete-i-nozete-od-sepsa-uchenicite-pomognale-da-sobere-pari-za-bionichki-ekstremiteti-06.jpg

На Кат не ѝ било воопшто лесно со новонастанатата ситуација, но си ветила дека ќе се врати на работа што е можно побрзо.

„Ми беше потребно време да се помирам. Јас сум мајка и сакав да бидам активна мајка. Си ја сакам професијата и си реков дека морам да се вратам во училница“.

На Кат и дале протези од болницата, но нејзините ученици, како и нејзините колеги, го сакале најдоброто за неа, па помогнале во собирањето на над 30.000 долари преку GoFundMe, за Кат да може да добие бионички екстремитети.

nastavnichka-gi-izgubila-racete-i-nozete-od-sepsa-uchenicite-pomognale-da-sobere-pari-za-bionichki-ekstremiteti-05.jpg

Бионичките раце на Кат се направени со 3Д печатач и имаат сензори кои ги детектираат движењата на мускулите, па функционираат како вистински дланки.

Наставничката вели дека не било воопшто лесно да научи да ги користи новите екстремитети, но и дека ѝ помагаат да оди на работа барем неколку часа неделно.

nastavnichka-gi-izgubila-racete-i-nozete-od-sepsa-uchenicite-pomognale-da-sobere-pari-za-bionichki-ekstremiteti-02.jpg

Кат вели дека нејзините ученици се многу љубопитни и постојано ѝ поставуваат прашања за новите екстремитети.

„Бев пресреќна што ми направија раце и нозе, но уште учам да ги користам. Благодарение на бионичките раце можам повторно да предавам.

Децата, пак, се многу љубопитни – секогаш сакаат да им покажам како работат“.

nastavnichka-gi-izgubila-racete-i-nozete-od-sepsa-uchenicite-pomognale-da-sobere-pari-za-bionichki-ekstremiteti-03.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Добив сепса додека бевме на одмор - мораа да ми ги ампутираат и рацете и нозете за да ме спасат“ „По девет недели во кома, лекарите ме разбудија. Најпрво бев во делириум и кажув...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
Детски парк во Јапонија е сон на секој родител од Македонија (видео) Зип лајн, тобогани, авантуристички мостови.... За забавни паркови како во Јапони...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Потег за восхит: Бразилец посадил 40.000 дрвја во Сао Паоло и направил зелена оаза среде градот (фот... Бизнисмен од Бразил поминал 20 години садејќи дрвја покрај брегот на река во Сао...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg