Интимни моменти со многу емоции – најдобрите фотографии од породување за 2021 година
- Детали
- петок, 12 ноември 2021
Како дел од натпреварот за најдобра фотографија со породување, фотографи од целиот свет направиле неверојатни фотки на кои одлично го доловуваат овој посебен миг за секој родител.
Натпреварот се одржува втора година по ред, а неодамна беа прогласени победниците за овогодишното издание.
Победничките фотографии се моќни, интимни и многу добро ја доловуваат агонијата, но и магијата на овој посебен миг.
Зад натпреварот стои наградуваната фотографка Лејси Барат која работи над 11 години и е најпозната по фотографиите со породување.
34-годишната фотографка, заедно со жири од 14 членови, ги одбра победниците.
Првото место ѝ било доделено на фотографката Лора Бринк од Австралија. Засега со медиумите Лејси ги има споделено само финалистите, но веројатно наскоро ќе можеме да погледнеме и дел од другите пријавени фотографии.
Фотографија на победничката Лора Бринк
На натпреварот биле пријавени 356 фотографии од неколку држави, вклучувајќи ги Бразил, Португалија, Франција и Германија.
Лејси и самата е мајка и има пет деца и смета дека овој натпревар е важен бидејќи овие фотографии прикажуваат дел од најинтимните мигови на едно семејство.
Финалистите на натпреварот за најдобра фотографија со породување:
Спирова С. | Црнобело