ZARA обвинета дека се потсмева на загинатите цивили во Газа поради рекламни фотки со искршени статуи

На нова рекламна кампања од ZARA, модели позираат во просторија со искршени статуи и парчиња гипс и мермер околу нив. Но, брендот веднаш се соочи со критики – според дел од јавноста, фотографиите премногу потсетуваат на рушевините во Газа и некои сметаат дека со ова, ZARA се потсмева на загинатите цивили.

zara-obvineta-deka-se-potsmeva-na-zaginatite-civili-vo-gaza-poradi-reklamni-fotki-so-iskrsheni-statui-01.jpg

Деновиве познатиот ланец продавници за облека ZARA се соочува со критики, па дури и бојкот поради рекламна кампања.

Станува збор за неколку фотографии на кои модели позираат до статуи кои изгледаат скршено. Покрај моделите, на подот има расфрлано и парчиња мермер и гипс.

Кратко по објавувањето на фотографиите, твитерџиите почнаа да ги споделуваат и да ги споредуваат со урнатините во Газа каде што моментално има војна.

zara-obvineta-deka-se-potsmeva-na-zaginatite-civili-vo-gaza-poradi-reklamni-fotki-so-iskrsheni-statui-03.jpg

Односно, дел од јавноста смета дека со фотографиите ZARA всушност им се потсмева на загинатите цивили во Газа.

„Се чини дека од ZARA сами си ископаа гроб со објавувањето на овие фотографии на нивниот Инстаграм профил, потсмевајќи им се на луѓето од Палестина“, пишува еден твитерџија со хаштаг #BoycottZara (бојкот за ZARA).

Подоцна, истиот твитерџија додава дека можеби брендот немал лоша намера, но дефинитивно одбрале лош период токму за овие фотографии.

„Изгорена девојка/некој покриен со пепел… Одете кај нив на Инстаграм и проверете. Ако немале намера да се потсмеваат (на жртвите), требало да ги објават фотографиите во некој друг период“, вели твитерџијата.

zara-obvineta-deka-se-potsmeva-na-zaginatite-civili-vo-gaza-poradi-reklamni-fotki-so-iskrsheni-statui-02.jpg

На социјалните мрежи може да се сретнат и други слични објави со критики насочени кон ZARA.

Денес, пак, од ZARA споделија официјално извинување за фотографиите, истакнувајќи дека се избришани од нивните профили.

„Откако ги видовме коментарите во врска со нашата последна кампања, сакаме со нашите купувачи да го споделиме следново:

Кампањата, која беше замислена во јули, а фотографирана во септември, претставува серија фотографии со недовршени скулптури во студио на скулптор и беше направена со единствена цел да се претстави облеката во уметнички контекст.

За жал, некои наши купувачи се почувствуваа навредено од овие фотографии, кои сега се отстранети, и во нив видоа нешто далеку од она за што беа наменети кога беа создадени.

ZARA жали за недоразбирањето и ја покажуваме нашата длабока почит кон секого“, пишува на Инстаграм објавата.

Сепак, на многумина не им се допадна извинувањето. Во коментари, повеќето истакнуваат дека голем бренд како ZARA треба да обрнува повеќе внимание на своите реклами и да ја земе предвид ситуацијата во светот.

„Ова е едно од најлошите извинувања“.

„Не е важно кога била снимена кампањата, беше објавена сега. Шокира фактот што била одобрена од целиот управен тим. Ова е ужасно ’извинување‘“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Реклама за костим за капење го подели мислењето на жените: Маж носи женски модел (видео) „Иако моделот изгледа убаво, зарем овој модел не е за женски тела, со гради и сл...
Ѝ се додворувал додека бил излезен со нејзина другарка, еднаш му раскинала - Помалку познати детали ... Доналд и Меланија Трамп се во брак од 2005-та година, а малкумина знаат како зап...
Се вљубила во шеикот на Дубаи, кога останала бремена ја оставил за друга – Животот на Нивин Ел Гама,... По само 2 години нивната бајка се претворила во кошмар. На телевизија видела дек...
Близнаци милијардери обвинети за силување: „Во една вечер ме нападнаа и двајцата“ Им подметнувале на девојките дрога, ги носеле сосила во нивниот стан или на заба...
Најубавиот Арап на светот: Тврди дека го протерале од Дубаи затоа што е премногу згоден, успеал да г... Со својата убавина „маѓепсува“ жени ширум светот. Со измама дошол до титулата „н...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg