Меган Маркл со висок шлиц и деколте со принцот Хари, ослободена од строгите правила на баба му (фото)
- Детали
- четврток, 11 ноември 2021
На настан во Њујорк во чест на воените ветерани, Меган Маркл го украде целото внимание со долгиот црвен фустан од Каролина Херера. Со неа беше и принцот Хари и речиси постојано се држеа за рака.
40-годишната Меган и 37-годишниот Хари присуствува на гала вечера во Њујорк, организирана во чест на воените ветерани, и иако принцот требаше да биде „главната ѕвезда“, Меган дефинитивно ги привлекуваше сите погледи.
Меган се појави со долг црвен фустан со шлиц на предниот дел и деколте, нешто што не е карактеристично за припадниците на кралското семејство, но откако веќе не живеат по кралските правила, Меган ужива во слободата.
Хари носеше црн костум и бела кошула, а на сакото беа закачени неговите медали. За разлика од другите воени лица на настанот, Хари не ја носеше неговата униформа бидејќи не смее – откако ја напушти Англија, му беа одземени воените титули, а со тоа и униформата.
Ова е втората посета на Меган и Хари на Њујорк за оваа година, а принцот бил специјален гостин на настанот, најмногу поради неговото искуство во војската, и им доделувал медали на поранешни војници и семејства на загинати војници.
Меган и Хари речиси постојано се држеа за рака, разговараа со присутните и уживаа во моментот.
Тие живеат во САД речиси две години, откако решија да го напуштат кралското семејство бидејќи сакале понормален живот.
Парот значително го залади односот со семејството по интервјуто во шоуто на Опра, каде што изнесоа скандалозни детали од животот во палатата.
Прочитајте повеќе: Загриженост на семејството за бојата на кожата на бебето, тајна венчавка – Што сè открија Меган и Хари во шокантното интервју кај Опра?
Повеќе фотки од Меган и Хари во Њујорк:
Спирова С. | Црнобело