Жена од Велика Британија ослабела 70 килограми за една година: „Имав 135 килограми, се плашев за здравјето“
- Детали
- недела, 07 ноември 2021
Кимберли Фишер (33) од Велика Британија успеала да ја преполови својата телесна тежина, поради тоа што стравувала дека ќе ја остави својата ќерка без родител.
Кимберли е доказ дека со упорност и напорна работа проблемите со прекумерната тежина може да станат минато.
Таа успеала да ослабе 60 килограми, па од 135 килограми, стигнала до 75 килограми во период од една година, а главна мотивација за ова ѝ било лошото искуство со нејзината мајка, која поради дебелината за малку ќе го загубела животот.
Мајка ѝ, како што појаснува Кимберли, тежела околу 120 килограми, а во 2015-та година добила камен на жолчката.
„Дури откако мајка ми тешко се разболе, јас почнав да се грижам за сопственото здравје. Воопшто не ми беше грижа за тоа како изгледам, но таа доби камен во жолчката поради дебелината.
Кај неа се јавија сериозни компликации, по што некои органи престанаа да работат и за малку ќе ја загубев“ – вели Кимберли.
Ова ја натерало Кимберли да се откаже од процесираната храна и слатките, па да се сврти кон здрав начин на живот за да не се соочи со истите проблеми како мајка ѝ.
„Во тој миг знаев дека мора да ослабам и да внимавам на здравјето за да можам да ја гледам ќерка ми како расте“ – вели таа.