Жена од Велика Британија ослабела 70 килограми за една година: „Имав 135 килограми, се плашев за здравјето“
По загубата на килограмите Кимберли сега работи како личен тренер и им помага на другите во борбата со килограмите.
Вели дека во минатото туѓите коментари дека е „грозна“ и „дебела“ воопшто не ја допирале сè до лошото искуство со мајка ѝ.
Во 2016-тата година Кимберли во целост била посветена на тоа да внимава што јаде и почнала редовно да оди во теретана.
Откако загубила 22 килограми, направила едногодишна пауза, но во април 2017-та повторно се посветила на сопствената цел за слабеење, така што почнала да посетува тренинг кампови и редовни сесии за кревање тегови.
Нејзината исхрана сега се состои од нискокалорични домашно приготвени јадења, сирења и нудли. Таа им помага и на други луѓе да ја извојуваат битката со килограмите.
„Сега сум најздрава во целиот свој живот и се чувствувам прекрасно. Можам да трчам по ќерка ми и по децата на работа, без да се чувствувам дека во секој миг ќе ме снема.
Можам да се облекувам како што сакам и да носам секси долна облека, нешто што не можев да го правам во минатото.
Се сакам себеси многу повеќе. Ми се допаѓа тоа што го гледам во огледалото и многу сум посреќна“ – вели Кимберли.
Б. С. Б. | Црнобело