Бил во врска со Адријана Лима, сега е 15 години „сингл“ - Кој е принцот од Лихтенштајн?

На почетокот на 2000-тите години со Адријана Лима ги полнеа таблоидите, а денес ретко кој слушнал за принцот Венцеслаус од Лихтенштајн – најпосакуваниот кралски ерген што не ја нашол вистинската љубов.

princot-venceslav-od-lihtenshtajn-so-adrijana-lima-nekogash-gi-polneshe-tabloidite-a-15-godini-e-singl-shto-znaeme-za-nego-01.jpg

Како член на кралското семејство од Лихтенштајн, со блескава кариера во финансискиот сектор и богатство од над 7 милијарди долари, звучи неверојатно кога ќе се каже дека принцот Венцеслаус (46) сè уште е слободен.

princot-venceslav-od-lihtenshtajn-so-adrijana-lima-nekogash-gi-polneshe-tabloidite-a-15-godini-e-singl-shto-znaeme-za-nego-02.jpg

Принцот Венцеслаус е син на приватниот банкар принцот Филип од Лихтенштајн и внук на владејачкиот принц Ханс-Адам Втори, а никогаш не бил оженет, ниту пак има деца.

Принцот Венцеслаус често може да се види на настаните каде се појавуваат славните и познати личности, а поминати се 15 години од 2006-та година кога за него се знаеше дека за последен пат е во сериозна врска и тоа со бразилскиот модел Адријана Лима.

princot-venceslav-od-lihtenshtajn-so-adrijana-lima-nekogash-gi-polneshe-tabloidite-a-15-godini-e-singl-shto-znaeme-za-nego-05.jpg

Тие беа заедно три години од 2003-та до 2006-та година и беа мошне популарни на сите настани низ Њујорк, каде најчесто беа фотографирани како јавно се бакнуваат и разменуваат нежности, што не е типично за кралски припадник.

princot-venceslav-od-lihtenshtajn-so-adrijana-lima-nekogash-gi-polneshe-tabloidite-a-15-godini-e-singl-shto-znaeme-za-nego-04.jpg

По ова Адријана стапи во брак со Марко Јариќ, а принцот Венцеслаус на настаните се појавувал со голем број убавици, меѓу кои и манекенката Барбара Палвин, но не се знае дали со некоја од тие девојки бил во сериозна врска.

Прочитајте и Ја држи за рака, горд е на неа: Адријана Лима во секси издание покрај новото момче (фото)

princot-venceslav-od-lihtenshtajn-so-adrijana-lima-nekogash-gi-polneshe-tabloidite-a-15-godini-e-singl-shto-znaeme-06.jpg

Доколку не е придружуван од убава девојка, на гала-вечерите ергенот се појавува заедно со неговата мајка Изабел Де Ларбре Маландер која е со белгиско аристократско потекло.

princot-venceslav-od-lihtenshtajn-so-adrijana-lima-nekogash-gi-polneshe-tabloidite-a-15-godini-e-singl-shto-znaeme-za-nego-07.jpg

Тој во моментов живее во Лондон има блескава кариера во финансискиот сектор, но сè уште не ја нашол својата вистинска љубов.

Принцот Венцеслаус, инаку е мошне приватен, па неговиот Инстаграм профил е затворен за јавноста, а има само малку следбеници.

Во продолжение погледнете повеќе фотографии:

princot-venceslav-od-lihtenshtajn-so-adrijana-lima-nekogash-gi-polneshe-tabloidite-a-15-godini-e-singl-shto-znaeme-08.jpg

princot-venceslav-od-lihtenshtajn-so-adrijana-lima-nekogash-gi-polneshe-tabloidite-a-15-godini-e-singl-shto-znaeme-09.jpg

princot-venceslav-od-lihtenshtajn-so-adrijana-lima-nekogash-gi-polneshe-tabloidite-a-15-godini-e-singl-shto-znaeme-10.jpg

princot-venceslav-od-lihtenshtajn-so-adrijana-lima-nekogash-gi-polneshe-tabloidite-a-15-godini-e-singl-shto-znaeme-11.jpg

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„По 2 години повторно имаме секс со сопругот, но дознав дека тој флертува со 4 жени и фантазира за н... „Кога се соочив со сопругот, тој рече дека сум глупава, бидејќи сето тоа е само ...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg