Ја држи за рака, горд е на неа: Адријана Лима во секси издание покрај новото момче (фото)
- Детали
- четврток, 30 септември 2021
Адријана Лима блесна на настан во Лос Анџелес, покрај саканиот, во едно од најсексапилните изданија досега.
Адријана Лима (40) се појави во спектакуларно издание на настан во Лос Анџелес.
Супермоделот изгледаше секси и провокативно на црвениот тепих на настанот организиран во Музејот на академијата за филмски уметности и науки, покрај своето момче Андре Лемерс.
Папарацо фотографите го фотографираа парот и пред влезот каде се гледа колку се вљубени. Андре не ја пуша од рака и очигледно е горд на својата прекрасна избраничка.
Инаку, по првото заедничко појавување во јавност на Филмскиот фестивал во Венеција, Адријана Лима постојано се појавува на настани со Андре.
Потсетување на уште едно впечатливо појавување на парот:
Фотки од последниот настан:
С. С. | Црнобело