Адријана Лима (40) заблеска на Филмскиот фестивал во Венеција со новото мистериозно момче (фото)
- Детали
- четврток, 02 септември 2021
Првпат откако потврди дека е во врска, Адријана Лима се појави во јавност со новото момче за кое не знаеме буквално ништо, и тоа на Филмскиот фестивал во Венеција.
Адријана Лима се појави на отворањето на Филмскиот фестивал во Венеција со новото момче, чиј идентитет уште е мистерија.
40-годишнот супермодел изгледаше беспрекорно со долг црвен фустан со висок шлиц и длабоко деколте. Нејзиното мистериозно момче носеше црн костум и еспадрили украсени со везови
Парот гордо позираше пред папараците, а неколкупати споделија и бакнеж.
Адријана ги потврди гласините дека е во врска пред некој месец, со фотка на Инстаграм Стори.
Уште не е познат идентитетот на новото момче на моделот и не знаеме буквално ништо за него.
Претходно, Адријана беше во брак со кошаркарот Марко Јариќ, со кого се венча во 2009 година. Тие најавија дека се разделуваат во 2014-та, а го финализираа разводот две години подоцна.
Адријана има и две ќерки од бракот со Марко – 8-годишната Сиена и 11-годишната Валентина.
По разводот, супермоделот имаше сериозна врска со турскиот писател Метин Хара, а пред бракот со Марко, таа беше верена со Лени Кравиц.
Спирова С. | Црнобело