„Патетично“ - Маж стана мета на онлајн критики поради лошата шега со девојката
- Детали
- четврток, 30 септември 2021
„Мислев дека е слатко сè додека не дојде делот со тампоните. Ова е 2021 година и вие уште емоциите на партнерките ги припишувате на нивниот менструален циклус и уште се шегувате за тоа? Патетично!“
Џек Саливан од Велика Британија на Твитер се пофали со трите подароци кои ги купил за неговата партнерка – букет рози, чоколада и пакетче тампони поради тоа што претходната ноќ заглавил во паб со другарите и се скарал со саканата.
До подарокот оставил рачно напишана порака: „Чоколадите се затоа што те сакам. Цвеќињата се затоа што ти се извинувам, а пакетчето тампони се затоа што сè уште не сум сигурен зошто ти се извинувам, па претпоставувам дека ќе ти бидат потребни деновиве.“
Не помина долго пред Џеј да стане мета на онлајн критики.
„Како ти беше спиењето на каучот? Комфорно?“
„Дали навистина се извинуваш кога велиш дека не си сигурен за што се извинуваш и предлагаш дека нема потреба од тоа затоа што не си виновен ти, туку нејзините претерани реакции поради ПМС?“
„Мислев дека е слатко сè додека не дојде делот со тампоните. Ова е 2021 година и вие уште емоциите на партнерките ги припишувате на нивниот менструален циклус и уште се шегувате за тоа? Патетично!“
„Дали може мажите да почнат да го користат мозокот и да престанат да мислат дека кога жената е тажна, вознемирена, нервозна или лута дека е поради нејзиниот менструален циклус?“
Имаше и еден шеговит коментар:
„Навистина храбар маж!“
https://twitter.com/SullivansTweets/status/1439967576478691339
С. С. | Црнобело