Тинејџерка, што била мета на силеџии на училиште, се појавила со 300 моторџии на матурската прослава

Фелисити Варбуртон (15) од Обединетото Кралство која боледува од Аспергеров синдром била жртва на врсничко насилство од нејзина 7-годишна возраст. Со месеци стравувала како ќе се појави на матура, а не ни помислувала дека заедно со неа ќе дојдат уште 300 моторџии.

nad-300-motordjii-ispratija-15-godishna-devojka-na-matura-koja-bila-zhrtva-na-nasilnici-zatoa-shto-ima-aspergerov-sindrom-01.jpg

Речиси и да не постои тинејџерка што не се подготвува со месеци за матурата, а оваа ученичка со месеци наназад стравувала како ќе се појави поради големиот број насилници што ја злоупотребувале уште од нејзина 7-годишна возраст поради тоа што боледува од Аспергеров синдром.

Аспергеров синдром е едно од неколкуте пореметувања од аутистички спектар кој се карактеризира со потешкотии во општествената интеракција и ограничени, стереотипни интереси и активности.

Аспергеровиот синдром се разликува од останатите пореметувања од спектарот на аутизмот по тоа што кај него, воопшто, нема застој во јазичниот и когнитивниот развој. Сепак, во стандардните дијагностички критериуми не е спомната моторичката неспретност и атипичната употреба на јазикот, што се јавува често.

nad-300-motordjii-ispratija-15-godishna-devojka-na-matura-koja-bila-zhrtva-na-nasilnici-02.jpg

Сепак, Фелисити, благодарение на нејзината мајка воопшто и немала потреба да се грижи. Неа вечерта на матурата ја испратиле околу 300 моторџии и со тоа им покажала на врсниците дека повеќе „не можат да ја повредат“.

Пред два месеци нејзината мајка Катрин Варбуртон испратила апел на Фејсбук до мото-клубот WAC, во кој напишала:

„Фелисити мошне се радува за матурата затоа што смета дека ова ќе биде моментот кога ќе им покаже на насилниците дека повеќе не можат да ја повредат.“

nad-300-motordjii-ispratija-15-godishna-devojka-na-matura-koja-bila-zhrtva-na-nasilnici-05.jpg

„Тие ја повредуваа толку многу што на мигови во изминатата година помислуваше и на самоубиство, па навистина сакам нејзината матура да биде онаква каква што таа сака да биде“.

Сепак, никој не очекувал дека за матурската вечер ќе се појават сите членови на клубот како и други моторџии од целото Обединето Кралство. Таткото на Фелисити, Рич Морис (45) вели дека очекувал да се појават 10-тина моторџии.

„Доаѓаа дел по дел, така што во еден миг имаше толку многу моторџии што не можевте да ја видите Фелисити во средината. Исто така имаше и придружба од поранешни полицајци и затворски чувари“- вели тој.

nad-300-motordjii-ispratija-15-godishna-devojka-na-matura-koja-bila-zhrtva-na-nasilnici-03.jpg

Фелисити има и дислексија и била жртва на врсничко насилство и на вербални навреди уште од основното училиште. Кошмарот бил секојдневие, а нејзините родители велат дека по поддршката што ја добила од моторџиите, забележително било дека таа станала посамоуверена и дека уживала во вечерта.

„Кога некој постојано те гази и те потиснува секојдневно, не можеш да видиш нешто убаво кај себеси. Навистина бев воодушевен што ја видов насмевката на нејзиното лице“ – вели таткото.

Погледнете видео од испраќањето на Фелисити во продолжение:

Во продолжение погледнете повеќе фотографии:

nad-300-motordjii-ispratija-15-godishna-devojka-na-matura-koja-bila-zhrtva-na-nasilnici-04.jpg

nad-300-motordjii-ispratija-15-godishna-devojka-na-matura-koja-bila-zhrtva-na-nasilnici-06.jpg

nad-300-motordjii-ispratija-15-godishna-devojka-na-matura-koja-bila-zhrtva-na-nasilnici-07.jpg

nad-300-motordjii-ispratija-15-godishna-devojka-na-matura-koja-bila-zhrtva-na-nasilnici-08.jpg

nad-300-motordjii-ispratija-15-godishna-devojka-na-matura-koja-bila-zhrtva-na-nasilnici-09.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Доживеав клиничка смрт кога се породував – ја видов баба ми која почина пред 10 години“ Стефани од САД била мртва 37 секунди, видела како лекарите ја оживуваат, а потоа...
Принцези кои мистериозно се повлекоа од јавноста (и денес никој не знае каде се) Зад совршениот и бајковит живот на овие принцези се крие голема мистеријa - за е...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја продавам мојата користена долна облека - заработувам над 4.000 евра месечно“ „Еден клиент сакаше само да зготвам оброк додека ја носам долната облека. Ништо ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg