Емотивен момент: Бездомник не престанува да плаче откако си го пронашол изгубеното куче (фото+видео)
- Детали
- вторник, 07 септември 2021
Бездомникот Џими од Лос Анџелес го изгубил своето куче кое му било единствената светла точка во животот и кога веќе целосно изгубил надеж дека ќе го најде, кучето се вратило во неговиот живот.
Околу Нова година, Џими Николос го изгубил своето куче – неговата поддршка и неговиот најдобар пријател. Џими веднаш го пријавил случајот, а неговиот шеф – сопственик на продавница за предмети и облека на старо – му помогнал обезбедувајќи 10.000 долари награда за оној што ќе го најде кучето.
Околу Нова година Џими бил на работа во продавницата и, како секогаш, со него било и неговото куче Бутс.
Во продавницата влегла жена која почнала да го гали кучето и му предложила да му го исчешла крзното. Бидејќи жената и претходно го имала направено тоа, Џими без двоумење се согласил и таа излегла со кучето.
Но, по некое време жената се вратила, кажувајќи му на Џими дека кучето избегало не може да го најде.
Оттогаш Џими правел сè што е во негова моќ за да го најде својот пријател.
„Тој e мојот пријател. Имам две деца кои никогаш немав можност да ги видам и тој е единственото нешто што ми помага да останам нормален. Никогаш не побарал ништо освен мојата љубов“, вели Џими за неговото куче.
„Шефот ми обезбеди стотици летоци, најми приватен истражувач и работеше постојано за да ми помогне да го најдам Бутс“, открива Џими кој е неизмерно благодарен за помошта.
Неколку недели откако го изгубил Бутс, Џим дал изјава и за локална телевизија, со надеж дека повеќе луѓе ќе ја слушнат приказната и ќе може да го најде кучето.
Штом се емитувал инсертот со него, речиси веднаш добил повик од личност која му рекла:
„Твоето куче е кај мене!“
Дотогаш Џими веќе изгубил надеж дека некогаш ќе го најде својот пријател и очекувал личноста да донесе друго куче. Но, на негово огромно изненадување, јавувачот се појавил со Бутс.
Денес Џими уште работи во истата продавница и иако сè уште нема дом, неговиот пријател Бутс е секогаш покрај него.
Џими добива и огромна поддршка од неговиот шеф, кој му помогнал да добие возачка дозвола и да си ги среди забите после години занемарување на оралното здравје.
Спирова С. | Црнобело