Италијанка доби бајковито изненадување за годишнина од свадба - секоја жена би посакала (видео)
- Детали
- четврток, 02 септември 2021
34-годишната дијанерка Кјара Ферањи деновиве ја прослави третата годишнина од бракот со популарниот италијански пејач и текстописец Федез. Изненадувањето што ѝ го приредил саканиот сигурно ќе ја направи секоја девојка барем малку љубоморна.
Федез ја изненадил саканата со концерт само за неа, и тоа среде езеро. Наводно, тој пеел песна напишана специјално за Кјара. Потоа парот имал и романтична вечера покрај езерото.
Познатата дизајнерка и инфлуенсерка сподели и неколку фотки и видеа од емотивниот настан.
На едно од видеата се гледа како Кјара пристигнува на платформата среде езеро со брод, каде што ја чека Федез со микрофон и придружба од клавир и гитарист. Неколку мигови Кјара го слуша саканиот кој пее само за неа, а потоа парот се прегрнува.
„Вечерва, за да ја прославиме третата годишнина, ме донесе на платформа среде езерото Комо и ми пееше песна напишана за мене. Те сакам Федез“, пишува во описот на објавата.
Повеќе фотки од прекрасниот гест и романтичната вечера на парот:
Прочитајте и Несуден правник, „тежи“ милиони, поради неа се измислија термините блогер и инфлуенсер – факти за прекрасната Кјара Ферањи
Спирова С. | Црнобело