Несуден правник, „тежи“ милиони, поради неа се измислија термините блогер и инфлуенсер – факти за прекрасната Кјара Ферањи
Родена е на 7 мај, 1987 година во Кремона, Италија. 33-годишната дизајнерка, блогерка и инфлуенсерка Кјара Ферањи го започнала својот блог посветен на модата во октомври 2009 година едноставно насловен „The Blonde Salad“ заедно со тогашното момче Рикардо Поцоли.
Во март 2011 година, Њујорк ја претстави како „Една од најголемите млади ѕвезди на уличниот стил на годината“. Ферањи студирала право, но во меѓувреме почнала да заработува толку многу од блогот, што се откажала од факултетот на само 3 испити од дипломирањето.
The Blond Salad на почетокот бил мал, скромен блог на којшто Ферањи објавувала свои модни комбинации на различни локации во Милано.
Во 2013 година се преселила во Лос Анџелес каде што ја лансирала својата модна колекција, а соработувала и со многу дизајнери и различни брендови за убавина.
„Форбс“ ја именувал како една од 30-те најуспешни лица во модната индустрија помлади од 30 години. За секоја фотка на Инстаграм, Ферањи денес заработува околу 60.000 долари.
По 3 години во Лос Анџелес таа се вратила во Милано и продолжила со работата.
Во 2016 година го запознала Федез, популарен италијански пејач, рапер и текстописец.
По една година тој ја запросил во 2017, а заедно имаат две деца, синчето Леоне и малата Викторија која се роди на 23 март годинава.