На 12 ја омажиле насила, на 16 ѝ ги отсекле носот и ушите – Ајша денес е симбол на отпорот против Талибанците (вознемирувачко фото)
- Детали
- четврток, 26 август 2021
Биби Ајша е можеби една од најпознатите жртви на Талибанците, а целиот свет бил во шок откако се појавиле фотографиите на кои јасно се гледа дека ѝ биле отсечени носот и ушите.
Кога живеете во земја во којашто најголемиот грев е да се биде жена, каква иднина очекувате? Во еден момент, се чини дека постои светло на крајот од тунелот, а веќе во следниот, трчате дома, ги криете дипломите и под закана го напуштате работното место, а лицето си го покривате со бурка, затоа што е „грев“ некој да ве гледа непокриена.
Стравот повторно завладеа на улиците низ Авганистан, иако портпаролот на Талибанците Забихула Миџахид неодамна вети дека ќе го почитува правата на жените, но во рамките на нормите на исламскиот закон.
Поради сите овие настани, светот уште една се потсети на најпознатата жртва на Талибанците, Биби Ајша која своевремено стана симбол на отпорот против нив, затоа што успеала да побегне, да преживее и да ја раскаже својата приказна.
Ја натерале под присилба да се омажи за Талибанец кога имала само 12 години. Цели 4 години таа трпела мачење, сексуална злоупотреба и малтретирање во сите облици. На мажот му била робинка наместо сопруга, а на крајот Ајша решила да побегне.
За жал, Талибанците успеале да ја фатат, а по 5 месеци поминати во затвор ја пуштиле да се врати дома. Наместо да ја дочекаат родители кои ќе ѝ пружат помош и поддршка, ја начекале Талибанците кои ја одвеле во планината во близината на нејзиното село. А тогаш започнал нејзиниот вистински пекол. Ја мачеле, ја тепале и на крајот ѝ ги отсекле носот и ушите. Она што е најлошо е дека сопругот бил оној што ја спровел казната, додека зетот ја држел.
Ајша се онесвестила од силните болки, а тие ја оставиле да умре и си заминале. Кога се разбудила во локва од сопствената крв, таа ги собрала последните атоми на енергија и помала помош. Некако успеала да дојде до куќата на баба си и дедо си, но тие одбиле да ѝ помогнат.
Сепак, нејзината волја за живот била посилна од болките. Некако успеала да доползи со американската воена база каде што конечно добила помош. Ја посвоил пар, маж Авганистанец и жена Американка.
Ајша живее во Мериленд и со нивната помош успеала да закрепне физички, но и психички, а после 12 реконструктивни операции, вака изгледа денес.
Светот ја слушна нејзината приказна пред 11 години, кога се појавила на насловната страница на „Times“ со прашањето: Што ќе се случи доколку си отидеме од Авганистан, а одговорот стигна овие денови – крвав и обоен во црно.
(О)Милена | Црнобело