„Алергична сум на вода - моето туширање завршува со болка која трае со часови“
- Детали
- четврток, 12 август 2021
Британка се отвори за својот необичен проблем - таа е алергична на вода, а открива дека секое нејзино туширање вклучува мерење на температура, крвен притисок, пулс. Како изгледа животот кога сте алергични на вода?
Ниа Селвеј од Велика Британија страда од состојба што се нарекува аквагенетски пруритус, поради што трпи огромни болки секогаш кога нејзината кожа е изложена на вода. Секој допир со вода кај неа предизвикува екстремно чешање и болка.
Ниа вели дека може да се тушира само 5 до 10 минути пред да почне да чувствува болка. Таа на 78.000 следбеници на Тикток им покажа како вообичаено изгледа едно нејзино туширање.
„Кога сте алергични на вода, секое туширање е мошне тешко“ – вели таа во видеото.
Како што појаснува, за да се истушира таа прво мора да ги провери телесната температура, крвниот притисок и пулсот на срцето.
Тоа мора да го направи затоа што често се случува за време на туширањето овие состојби да забележат опасно покачување. За време на туширањето, во видеото, таа влегува со телесна температура од 36 степени Целзиусови, а по 20 минути излезе со покачена телесна температура од 45 степени Целзиусови.
По проверката на виталните функции, таа користи четка за отстранување на слоевите мртва кожа. Вели дека тоа е болно, но е добро за ексфолијација на кожата.
За туширање користи само продукти наменети за чувствителна кожа.
Вообичаено кај луѓето што страдаат од ваквата ретка состојба се случува да почувствуваат болка од 10 минути до 2 часа по туширањето.
Затоа Селвеј, појаснува дека по секое туширање, откако ќе нанесе крем за хидратација, мора да легне во кревет и да почека да помине болката што може да трае и до 3 часа, а во одредени случаи дури мора да земе и лекови против болка.
„Најчесто само се превртувам додека да престане болката и додека не почнам да се чувствувам исцрпено“ – вели таа.
Инаку, оваа состојба кај неа за првпат се појавила пред 6 години, а пред тоа немала никакви проблеми. Како што појаснува таа користи лекови против алергии и против болка, креми и други препорачани производи од лекари, но за нејзината состојба, за жал сè уште не постои лек.
Погледнете како изгледа едно нејзино вообичаено туширање:
@niahselway Showering with an allergy to water ? part 1 ##niahselway ##fyp ##aquagenicpruritus ##chronicillness
♬ original sound - Niah Selway
Б. С. Б. | Црнобело