Како изгледа и што прави денес момчето со суканиците од спотот за Freestyler, хитот на 2000-та?
- Детали
- сабота, 07 август 2021
Марло Снелман беше момчето со суканици што танцуваше на ритамот на познатата песна на Bombfunk МC’s, Freestyler, песната што беше светски хит на почетокот на новиот милениум. Како изгледа денес?
Во времето кога се снимаше спотот за песната кон крајот на 1999-тата година Марло имал само 15 години, а денес живее сосема поинаков живот.
Ѕвездата на спотот на финското дуо, стана препознатлив кај публиката од целиот свет, уживаше светска слава, слично како и музичарите што ја направија песната.
Тој ја доби улогата во спотот благодарение на неговата мајка, Лајла Снелман која е директорка на финска куќа за модели и која е мошне популарна во модната индустрија таму.
По ова Марло и самиот се обидел да се занимава со музика, имал неколку музички проекти кои останале само во рамки на неговата родна Финска.
По краткотрајната музичка кариера, се обидел да тргне на поинаков пат и да избере друга професија. Денес, Снелман е готвач.
Тој се преселил во Париз, каде работел во голем број познати ресторани, а во последните неколку години е шеф на кујна на еден познат ресторан во престолнината на Франција.
На неговите профили на социјалните мрежи ретко се наоѓа и по некоја негова фотографија, но затоа тие изобилуваат со фотографии од кулинарските ремек-дела што ги подготвува.
Б. С. Б. | Црнобело