По битка со дијабетес и две трансплантации, 64-годишна баба стана бодибилдер (фото)
- Детали
- петок, 16 јули 2021
Откако Џулија Џонсон имала трансплантација на бубрег и трансплантација на панкреас, решила целосно да го промени нејзиниот живот и изгледот на нејзиното тело, па сега, во 60-тите години од нејзиниот живот, учествува во бодибилдинг натпревари.
64-годишната Џулија Олсон почнала да вежба со личен тренер во 2019 година. Тренерот пак, ѝ предложил да се пријави на бодибилдинг натпревар, а неа ѝ се допаднала идејата. Откако се ослободила од сите масни наслаги на телото и ги зајакнала мускулите, Џулија се пријавила на два натпревари.
„Пресреќна сум што се пријавив бидејќи тоа беше неверојатно искуство. Средувањето и излегувањето на бината со моето прекрасно бикини по целата напорна работа беше многу моќно“, вели Џулија.
Најпрво Џулија воопшто не планирала да се натпреварува, туку само сакала да почне да работи на себе.
„Ја добив желбата да се подобрам во април 2019-та. Сакав да бидам во форма и здрава, па почнав фитнес програма и по некое време почнав да вежбам и со личен тренер. Токму тој ми предложи дека би требало да се пријавам на бикини натпревар.
Мислев дека идејата е луда. Не верував дека јас би можела да направам нешто такво, особено не во моите 60-ти. Но тој толку многу веруваше во мене, што си помислив ’Зошто да не?‘ Решив да пробам да се пријавам“.
„Сето ова ми даде нова смисла во животот. Сфатив дека повеќе не преживувам, туку сега и живеам. Сакам да ги инспирирам и другите жени и да им докажам дека животот не им завршува штом ќе остарат. Никогаш не е доцна да направат ништо. Никогаш не можев ни да се замислам на бикини натпревар на 64-годишна возраст, но погледнете ме сега“.
Џулија вели дека добила желба да си го подобри животот додека гледала фотографии од неа. Имено, таа повеќе не можела да се препознае, па сфатила дека мора да направи некаква промена.
На 34-годишна возраст Џулија имала трансплантација на два органи – бубрег и панкреас – поради компликации од дијабетес. Таа открива дека имала проблеми и со двата бубрега, проблеми со видот, како и кардиоваскуларни проблеми, а сето ова поради дијабетесот.
Операциите ѝ го спасиле животот, но Џулија сфатила дека се запоставила. Па околу три децении по операцијата, решила да сврти нов лист и да почне да работи на себе.
„Подготвувањето за натпреварот беше интензивно. Требаше да вежбам пет дена неделно и секој ден вежбав кардио. Внимавав на исхраната и со текот на времето се ослободив од целото масно ткиво за да ми се познаваат мускулите. Имаше денови кога се чувствував преморено, но тие беа малку бидејќи повеќе бев возбудена и среќна што го правам ова. Бев многу горда на себе. Не чувствував нервоза или анксиозност, само бев среќна и самоуверена“.
Џулија вели дека бодибилдингот ѝ дал нова смисла на животот и сега се чувствува подобро од кога било. Засега целта ѝ е да биде силна, да ја одржи фигурата и да биде полна енергија.
Инаку, Џулија била професорска по моден дизајн и вели дека буквално никогаш не помислувала дека ќе прави нешто вакво во шестата деценија од животот.
„Но сега навистина ми се допаѓа. Го сакам лажниот тен, шминката и фризурата, да го дополнам изгледот со убав костим за капење. Натпреварите беа врвот на патувањето и можност да ја покажам напорната работа. Другите на натпреварот не ми веруваа колку години имам, а помладите жени ми велеа дека сум им инспирација“.
„Дефинитивно сакам да се натпреварувам уште во иднина. За последниот натпревар морав да ослабам многу, па сега гледам да качам некој килограм и да направам поголема мускулна маса, за да можам да изгледам уште подобро. Никогаш не е доцна да бидете фит. Ако можам јас, може и секој друг“.
Спирова С. | Црнобело