Во 2018 ја исмеваа на плажа во Грција, сега е самоуверена во танга бикини во Португалија: „Задник и сонце има доволно за сите“
- Детали
- четврток, 15 јули 2021
Некои ја сакаат поради позитивата, смелоста и промоцијата на тоа да се сакаат сите форми и облици на тела, додека други ја критикуваат дека промовира нешто што е штетно по здравјето.
Фелисити Хауард е плус сајз модел и основачка на движењето „Self Love Brings Beauty“ и постојано преку медиумите и социјалните мрежи испраќа порака дека мора да бидете позитивни кон своето тело и да го сакате без разлика во која форма и големина е тоа.
Таа во 2018 година откри дека била исмевана од страна на еден пар на плажа за време на нејзиниот летен одмор во Грција, кога носела црни танга бикини и преку социјалните мрежи им испрати моќен апел кој стана вирален хит.
Сега, неколку години подоцна, Фелисити уште има вишок килограми, а ниту грам помалку самодоверба.
Таа повторно позира во танга бикини на одмор во Португалија и на шега порачува: „Има доволно сонце и задник за сите“.
Некои се воодушевени од нејзината самодоверба, додека други ја критикуваат што објавува фотографии со целулит и задникот во преден план на социјалните мрежи, но едно е сигурно – таа е посамоуверена од кога било.
Фотки од нејзиниот одмор во Португалија: