Редок семеен момент: Принцот Џорџ се фрли во прегратка на Кејт и Вилијам, па тагуваше по загубата на Англија (видео)
- Детали
- понеделник, 12 јули 2021
Со прегратки со родителите и вистинска радост, малиот принц Џорџ го славеше голот што англиската репрезентација го даде на синоќешниот натпревар против Италија во финалниот меч од Еуро 2020.
И на финалниот меч, слично како и претходно принцот Џорџ беше облечен како мини-бизнисмен додека со родителите го следеше мечот.
Во мигот кога англиската репрезентација даде гол, камерите веднаш се свртеа кон кралското семејство и уловија еден редок семеен момент како малиот принц прво се втурнува во прегратката на неговиот татко принцот Вилијам, а потоа во прегратките на неговата мајка војвотката Кејт.
Ова е редок момент кога можевме да видиме вистински емоции кај членовите на кралското семејство:
Сепак, 7-годишниот Џорџ го покажа и тажното лице кога на крајот Англија се соочи со пораз, слично како и неговите родители, заедно со цела англиска нација.
Фотографиите на кои го гледаме тажниот лик на Џорџ се најдоа во сите светски медиуми, но и на социјалните мрежи.
„Тагата на лицето на принцот Џорџ ја претставува цела Англија“ – пишуваат на Твитер.
The sadness on Prince George’s face represents all of England: pic.twitter.com/zkUiHL0i3A
— Brittani Barger (@bbargerRC) July 11, 2021
Б. С. Б. | Црнобело