Исповед на поранешен порно актер кој сега е свештеник: „Не сакав да живеам, мислев дека сум целосно бескорисен“

„Само не сакав да живеам повеќе. Немав иднина. Знаев дека никој нема да сака да се омажи за мене, никој нема да сака да ме вработи… Целосно бев бескорисен“ – со вакви чувства, актерот одлучил да се откаже од порно индустријата.

ispoved-na-poraneshen-porno-akter-koj-sega-e-sveshtenik-ne-sakav-da-zhiveam-mislev-deka-sum-celosno-beskorisen-01.jpg

Џошуа Брум бил меѓу петте најдобри порно актери во светот, а сега целосно го променил животот, се оженил и станал свештеник. Тој играл во над 1.000 филмови за возрасни, бил именуван за најдобар актер на годината во индустријата за филмови за возрасни и заработил еден милион долари.

Во мај годинава тој се појави во поткастот Let’s Talk Purity каде говореше за тоа како станал дел од порно индустријата, каква штета му нанела индустријата и како успеал да го промени сопствениот живот.

Тој своето учество во порнографските филмови го третира како „зависност“. Како што вели, за првпат „се сретнал“ со индустријата на возраст од 13 или 14 години и почнал да бара сè повеќе. Во тоа време, не ни замислувал дека еден ден ќе снима филмови.

Додека бил на колеџ работел како модел. Со оглед на тоа што кариерата како модел била мошне успешна на почетоците, одлучил да се откаже од образованието, да се пресели во Лос Анџелес и да стане професионален модел и актер.

View this post on Instagram

A post shared by 𝐉𝐨𝐬𝐡𝐮𝐚 𝐁𝐫𝐨𝐨𝐦𝐞 (@iamjoshuabroome)

Додека работел во ресторан во Лос Анџелес, Џошуа се запознал со група девојки што работеле во порно индустријата и му препорачале да размисли да се занимава со тоа.

Тој се согласил да се сретне со агент, кој му рекол дека ако се земе предвид неговиот добар изглед, нема потреба од особено големо искуство во глума, па може да почне да работи како порно актер.

Како што вели, пред првата улога се чувствувал возбудено затоа што знаел дека таа одлука може или да заврши лошо и тој да биде засрамен, или може да помине сè во најдобар ред и да му го промени животот.

Со оглед на тоа што по ова останал во индустријата пет години, веќе знаеме како поминала таа прва улога. Но, како што вели, со текот на времето станувал целосно рамнодушен за тоа што го работел.

„Колку повеќе станував рамнодушен, толку повеќе не се двоумев за тоа. За мене тоа беше само трансакција. Понекогаш ракувањето ми беше поинтимен чин, од сексот“ – вели тој.

Брум објаснува дека за мажите во индустријата има премногу притисок за да бидат добри во перформансот. И додека тоа што тој го правел не било емотивно во ниту еден поглед, во исто време секогаш имал последици од тоа затоа што „емоциите се вистински“. Интимноста е реална. Тој често чувствувал тежина од тоа што го работел подоцна кога ќе си заминел дома.

За да се справи со последиците Брум станал мошне повлечен. Дошол до тој степен што не можел да поднесе да биде меѓу луѓе.

„Се трошев себеси на интимно ниво толку многу така што последното нешто што сакав да го направам беше да бидам помеѓу луѓе. Секогаш сум бил повлечен до одреден степен и мислам дека е заради тоа што се чувствував отфрлен во некои погледи додека растев… Мислев дека сум безбеден додека сум сам“ – вели тој.

Неговата изолација исто така била последица и на тоа што се чувствувал „безвредно“. Сметал дека тоа што можел да има секс „по наредба“ била неговата единствена вредност.

„Колку подлабоко навлегував во индустријата, толку повеќе се изолирав себеси од луѓето затоа што не чувствував дека имам нешто особено да понудам.

Секој ден се будев и посакував да се скријам од светот затоа што немам никаква цел. И тој мал глас во мојата глава стануваше сè погласен и погласен“ – вели тој и додава дека се чувствувал искористено, бескорисно и нечисто и верувал дека и другите луѓе го гледале на тој начин.

Како што посочи, ситуацијата толку се влошила што дури посакувал и да не живее. Иако со години наназад ги потиснувал емоциите, не можел повеќе да се соочи со сопствените стравови.

„По последната сцена што ја направив, лежев во кревет и си мислев: ’Сакам да умрам‘. Немам храброст да си го одземам животот, но би го направил и тоа … Само не сакав да живеам повеќе. Нема иднина. Никој нема да сака да се омажи за мене, нема некој што сака да ме вработи… Целосно сум бескорисен“ – вели тој.

Но, како што вели успеал да се извлече. Тој собрал храброст и се откажал од индустријата и успеал повторно да го изгради сопствениот живот, но тоа не се случило преку ноќ.

Во следните две години Брум работел во теретана и на почетокот ги лажел сите за неговото минато. На крајот запознал девојка што дошла во теретаната и како што вели прво му поставила две прашања: „Дали знаеш кој е Бог?“ и „Дали си поврзан со него?“ 

По ова Брум почнал да оди заедно во црква со неа, а подоцна тие двајцата се свршиле и стапиле во брак.

Денес тие се родители на едно дете. Брум избрал за себе нова кариера, тој денес е свештеник и прави сè за да ја шири верата што вели дека му го променила животот.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Исповед на скијач кој 23 часа бил затрупан под лавина и преживеал: „Не сум верник, но таа вечер се м... „Знаев дека не смеам да се предадам. Дека не смеам да заспијам, затоа што тоа ќе...
Сериозен проблем со здравјето, неколку операции: Што се случи со најубавото девојче во светот, Тилан... 22-годишната Тилан Блондо беше прогласена за „најубаво девојче во светот“ кога и...
Млад пар вдомил теле како милениче: „Спие во гаражата, но преку ден е дома со нас“ За повеќето, чувањето миленик значи грижа за мачка, куче или, пак, хрчак или риб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg