По 6 години растење, момче ја скратило косата за да ја донира - во чест на другар му што починал од рак
- Детали
- четврток, 01 јули 2021
Во чест на прерано починатиот другар од основно, младиот Киран решил да ја донира сопствената коса за дечиња болни од рак, иако најмногу од сè на светот мразел да ја крати косата.
Младиот Киеран Моис знаел дека наскоро ќе треба да се прости со неговата афро-фризура што достигнувала должина од 49 cm, затоа што требало да оди во Воздухопловната академија во САД, но сакал да направи добро дело во чест и во спомен на другарот од основното училиште, што починал од рак.
Ова 17-годишно момче од Алабама воопшто не сакало да ја крати косата, па така во последните 6 години избегнувал каков било контакт со ножички, но сепак се одлучил да направи добро дело.
Тој ја скрати косата и ја донираше за непрофитната добротворна организација Children With Hair Loss која обезбедува перики за дечиња и тинејџери што се соочуваат со загуба на косата поради медицински состојби, како третмани за карцином, алопеција и изгореници.
„Знаев дека не сакам само да ја исечам косата и да ја фрлам на подот, сакав да направам нешто добро. Знам дека сакав да упатам порака. Добро е да видите добри вести и да видите дека луѓето уште прават добри дела, затоа што тоа ги инспирира другите. Тоа е она што сакам да произлезе од ова. Сакам другите луѓе да си речат: ’Ако тој го прави ова, можам и јас‘“ – вели Киран.
Така, тој се одлучил од кратењето на неговата коса да направи вистински настан со цел да се соберат што е можно повеќе средства за непрофитната организација.
Отпечатил летоци и исто така направил објави на социјалните мрежи со цел да го рекламира настанот што се одржал во Хантсвил, Алабама. Голем број членови на неговото семејство, пријатели, па и некои од неговите наставници се собрале на настанот.
Инаку, Киран сето ова го прави во чест на неговиот другар од основното образование Џош Куист, кој за жал ја загубил битката со ракот.
Тој вели дека малите гестови на внимание може да се прошират. Па така, ако вие му се насмевнете некому, ќе направите и тој да ви се насмее и ќе му го разубавите денот.
Погледнете го видеото во продолжение:
https://www.youtube.com/watch?v=OC-ybBUtDOo
Б. С. Б. | Црнобело