Спектакуларната јунска полна Месечина го осветли синоќешното небо ширум целиот свет (фото)
- Детали
- петок, 25 јуни 2021
Синоќа, 24 јуни, небото го красеше јунската полна Месечина, а фотографите ширум светот не ја испуштија можноста да ја овековечат прекрасната глетка.
Полната Месечина во јуни е позната и како Супермесечина на јагодите – име што потекнува од домородното население во САД. Името не се однесува на бојата на Месечината, туку е инспирирано од кратката сезона на берење јагоди во североисточниот дел на САД.
Зборот „супермесечина“, пак, значи дека полната Месечина е најблиску до Земјата. Овој случај, Месечината изгледа околу 14% поголема и 30% посветла на ноќното небо.
Зборот „супермесечина“ првпат го искористил астрологот Ричард Нол во 1979 година, и денес е прифатен од скоро сите држави.
Во продолжение неколку фотографии од синоќешната Супермесечина ширум светот:
Москва, Русија
Дубаи, Обединети Арапски Емирати
Никозија, Кипар
Москва, Русија
Кувајт
Гластонбери, Англија
Истанбул, Турција
Каиро, Египет
Филаделфија, САД
Спирова С. | Црнобело