Девојка го откачи дечкото што ја изневерува и си го продолжи одморот со жената со која ја изневерувал
- Детали
- четврток, 17 јуни 2021
Ист маж со месеци се состанувал со две жени паралелно, па откако дознале тие му подготвиле одмазда, а згора на сѐ потоа станале и пријателки.
Две жени откриле дека се состанувале со ист маж 8 месеци, па организирале на одмор во Турција да се соочат со него, да му раскинат двете засекогаш и најзабавно од сѐ да си го продолжат одморот заедно.
Кристен Бишоп (33) од Тексас вели дека добила порака од непозната жена по име Софи Милер (26) која ѝ открила дека се состануваат со ист маж (ќе го викаме Адам, името е променето) и тоа цели 8 месеци.
Кристен Бишоп
Кристен прво не сакала да ѝ поверува на Софи, но кога Софи ѝ се јавила со видео повик од станот на Адам, таа ја прифатила вистината и заедно почнале да коваат план за одмазда.
Жените одлучиле како момент за одмазда да го искористат патувањето за Истанбул кое Кристен и Адам го планирале.
Па, само што пристигнале во Турција, Кристен му открила на Адам дека знае дека ја изневерува. Само миг подоцна се појавила Софи и исто така се соочила со шокираниот Адам.
Потоа, двете заминале и заедно уживале во одморот во Истанбул.
„Софи и јас си поминавме феноменално. Од моментот кога се запознавме, инстантно се поврзавме, иако поврзувањето беше поради ужасна работа. Станавме пријателки и 8-дневното патување во Истанбул ни беше еден од најнезаборавните мигови.“
Фотки од новите пријателки во Истанбул:
С. С. | Црнобело