Надреална глетка: Полиња во Австралија со прекривка од пајажини по обилните дождови (фото+видео)
- Детали
- четврток, 17 јуни 2021
Жителите од југоисточниот дел на Австралија деновиве ги пречека надреална глетка. По обилните дождови кои траеја неколку дена, нивните полиња се прекриени со пајажини.
Пајажините изгледаат како бела прекривка која ја покрива не само тревата, туку и дрвјата. Во една дел, пајажините покриваат цела област покрај пат долг над еден километар.
Наводно, ова е честа појава во Австралија и настанува кога пајаците прават пајажини за да се движат над земјата која е многу влажна од обилните врнежи. Според BBC, надреалната глетка е дело на милиони пајаци кои се обидуваат да стигнат на безбедно.
Parts of #Gippsland are covered in #spider web??!! The little black dots are spiders. There is web as far as the eye can see. This is near Longford #Victoria thanks Carolyn Crossley for the video pic.twitter.com/wcAOGU9ZTu
— 𝙼𝚒𝚖 𝙷𝚘𝚘𝚔 𝚓𝚘𝚞𝚛𝚗𝚊𝚕𝚒𝚜𝚝 (@mim_cook) June 15, 2021
Обично овие пајаци живеат на земјата, но во случај на поплави – каква што е ситуацијата изминативе неколку дена во југоисточниот дел на Австралија – почнуваат да прават вакви пајажини кои им овозможуваат да се движат безбедно.
Наводно, овие пајаци не се опасни и тамошните експерти препорачуваат да не се убиваат. Напротив, тие се хранат со инсекти кои можат да бидат штетни, па на некој начин им се од помош на тамошните жители.
Повеќе фотки од волшебната појава споделени од локалните жители:
Спирова С. | Црнобело