Мајка (61) ѝ помогна на ќерката да го победи ракот, па заедно тргнаа да го освојат Монт Еверест

Монт Еверест е врвот што претставува вистински предизвик за алпинистите, а овие две жени тргнаа да го освојат, откако претходно ќерката ја извојува најтешката битка – битката со ракот.

Majka-61-i-pomogna-na-kjerkata-da-go-pobedi-rakot-a-potoa-zaedno-trgnaa-da-go-osvojat-Mont-everest-01.jpg

Пред 5 години, во 2016-тата година на Џес Ведел од Оклахома ѝ бил дијагностициран рак на јајчниците. Таа поминала неколку операции и неколкумесечна хемотерапија, но во битката за животот заедно со неа била мајката Валари Ведел.

Oткако ја победиле најтешката битка – битката за животот на ќерката, заедно се одлучиле да се искачат на „врвот на светот“ односно на Монт Еверест.

Majka-61-i-pomogna-na-kjerkata-da-go-pobedi-rakot-a-potoa-zaedno-trgnaa-da-go-osvojat-Mont-everest-02.jpg

Џес и Валари се мошне блиски, тие ја споделуваат заедничката љубов за природата, но и за алпинизмот и планинарењето, па затоа често патуваат заедно и се обидуваат да искачат на повисоките планински врвови.

Подготовките за искачувањето започнале веднаш откако на ќерката ѝ рекле дека е излекувана, а откако било дозволено движењето, оваа пролет Џес и Валери тргнаа во авантура да го искачат највисокиот врв во светот.

View this post on Instagram

A post shared by jess wedel (@jess.wedel)

За време на искачувањето Џес објавуваше фотографии од нивната авантура на својот Инстаграм профил каде детално ги опишуваше опасностите со кои се соочуваа секојдневно. Тие велеа дека чекорат кон врвот како секој ден да им е последен, затоа што долго време смртта била мошне голема реалност во нивните животи.

Дека Монт Еверест (8.844m) е вистински предизвик за сите алпинисти потврдуваат и објавите на Џес. За време на искачувањето тие се соочиле со застрашувачки ветер што дувал со брзина и до 95 km/h, опасности од лавина, невреме, но сепак беа решени да стасаат до целта и да го освојат врвот.

Сепак, иако Џес и Валари се надевале дека ќе бидат првите мајка и ќерка што ќе го искачат Еверест заедно, на 11-ти мај 61-годишната Валари морала да се откаже поради проблемите со астмата, а Џес била решена повеќе од кога и да било да стаса до целта како за себеси, така и за својата мајка.

„За нас ова е нешто многу повеќе од искачување планина. Ова искуство не е да застанеш заедно на врвот. Тука се часовите поминати во тренинг… Тоа се прегратките што ги споделуваме по долгиот ден на патеката. Кога си разменуваме ’Те сакам‘ од еден до друг шатор. Солидарноста што ја чувствуваме заедно. Колку сме горди една на друга. Тоа што се штитиме една со друга. Задоволството што го чувствуваме кога го гледаме светот. Кога вложуваме големи напори“ – напиша меѓу другото Џес на Инстаграм.

Џес продолжи со искачувањето, но на 25-ти мај кога конечно беше возбудена дека ќе стаса до врвот по 55 дена искачување, повторно наиде на пречки. Како што појасни таа, работниците што му помагале на тимот во искачувањето се разболеле.

„Обидот да го искачиме врвот беше откажан затоа што нашиот екипаж се разболе. За разлика од најголемиот број планини, овде е невозможно да се искачиме без нивна помош“ – објави Џес.

Со тоа, нивното патување беше завршено, но како што и самата напиша, не беше важен врвот, туку патувањето.

Иако Џес иако не успеа да го искачи врвот на светот таа веќе ја доби најважната битка, пред неа е животот во којшто ќе има уште голем број нови обиди и нови авантури, а тоа е најважно.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сериозен проблем со здравјето, неколку операции: Што се случи со најубавото девојче во светот, Тилан... 22-годишната Тилан Блондо беше прогласена за „најубаво девојче во светот“ кога и...
Добри уметници, но лоши родители - Славни личности кои не разговараат со своите деца 50 Cent го споредил својот син со змија. Религијата во која членува Том Круз не ...
Млад пар вдомил теле како милениче: „Спие во гаражата, но преку ден е дома со нас“ За повеќето, чувањето миленик значи грижа за мачка, куче или, пак, хрчак или риб...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Познати личности чии деца починале Сообраќајка, задушување, ретки болести, предозираност...Ова се само дел од причи...
Имаат 600 слуги, јадат со златен прибор: Кој е најбогатиот пар во Индија? Најбогатиот маж во Индија има милијарди на сметка, на сопругата ѝ купува сѐ што ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg