Бабичка го прослави 100-иот роденден заедно со пет генерации потомство – Има 8 деца, а од нив 92 внуци и правнуци
- Детали
- среда, 09 јуни 2021
Нема ништо поубаво од тоа роденденот да го прославиш со семејството, а оваа жена го прославила 100-иот роденден со пет генерации потомство. Нејзиното најмало пра-пра-пра-внуче е 98 години помало од неа и има 2 години.
Ова е семејството каде има шест генерации жени – најстарата е Роуз, која сега го прославила 100-иот роденден, а најмала е нејзината пра-пра-пра внука Амелија која има 2 години. Со семеен собир, во неделата (06.06) бил прославен мошне важниот ден од животот на Роуз.
Нејзината пра-внука Џоан Пендриг вели дека Роуз е мошне цврста жена и со оглед на тоа што е вдовица над 40 години е мошне независна.
„Мојата пра-баба Роуз е неверојатна жена. Таа е на врвот на нашето семејно стебло и навистина е цврст пример за сите нас. Вистински матријарх – што сака да игра бинго. Остроумна е, видела сè, направила сè“ – вели Џоан.
Џоан додава дека тие се навистина големо семејство и дека некој постојано има бебе. Пра-пра-пра бабата Роуз обожава деца, па така често ги разгалува.
Роуз за време на Втората светска војна работела во фабрика за муниција, а го запознала нејзиниот сопруг Вилијам кога имала 19 години. Тие биле во брак 35 години, а Вилијам починал на возраст од само 56 години.
Таа има осум деца, шест сина и две ќерќи, меѓу кои е и нивната ќерка Карол Џаспер која има 77 години.
Карол е поранешна работничка во администрација, а има пет деца, меѓу кои и ќерката Сара Шарп. Сара има 60 години, а има седум деца меѓу кои и Џоан. Џоан, пак, има две деца, Софи Тејлор (23) и Дени Тејлор (25), а внуката на Џоан, Амелија Тејлор (2) е шеста генерација девојче во семејството. Збунувачко, нели? Дефинитивно едно од поголемите семејства.
Џоан и самата вели дека понекогаш збунува фактот што тие се толку големо семејство.
„Навистина е извонредно тоа што од една жена се креирани толку многу семејства и имаме толку многу да ѝ бидеме благодарни“ – вели Џоан.
Прашана за тоа која е нејзината тајна за долговечност Роуз едноставно вели:
„Имајте многу деца и грижете се за нив. Јас не би го менувала тоа за ништо“
Правнуката Џоан, пак вели дека се обидела да најде други семејства каде има шест генерации живи членови, но мисли дека се многу редок случај.
Б. С. Б. | Црнобело