„Градат кариера со лаги!“: Инфлуенсерка мета на критики – летала со економска, но објавила селфи од бизнис класа
- Детали
- петок, 04 јуни 2021
Сите знаеме дека инфлуенсерките неретко ја искривуваат вистината за лајкови и популарност, но некои од нив одат до екстреми. Одличен пример за ова е 27-годишна инфлуенсерка од Франција – летала во авион во економска класа, но среде лет отишла да се фотографира во делот за бизнис класа и ја објавила фотката на Инстаграм.
Осеан Ел Имер од Бордо Франција е 27-годишна инфлуенсерка која неодамна беше „фатена во лага“. Наводно, Осеан летала од Дубаи до Монако, а од летот сподели фотографија на нејзиниот Инстаграм. Од фотографијата е очигледно дека Осеан лета со бизнис класа.
Сепак, бидејќи таа е ријалити ѕвезда и добро познат лик во Франција, друг патник во авионот ја препознал. Проблемот е што патникот ја видел како седи во економска класа, кратко по објавувањето на фотографијата. Осеан ја носела истата облека како и на Инстаграм објавата која досега има над 100.000 лајкови.
Патникот веднаш ја фотографирал, а фотографијата беше споделена на Твитер и стана вирална.
Ова, пак, ги натера луѓето да го споделат нивното искрено мислење за лагите на инфлуенсерите.
„Ви велам дека социјалните мрежи се болест. Ги тера луѓето да лажат, а некои сакаат да направа цела кариера од тоа“.
„Ова ја сумира културата на инфлуенсерите. Куп луѓе кои се преправаат дека се богати, модели или претприемачи“.
„Лудо е што сè прават луѓето за да импресионираат луѓе кои не ги ни познаваат и кои немаат никаква врска со нивниот живот“.
„Добро е што ги разоткриваме нереалните стандарди што ги поставуваат овие лажни модели за младите девојчиња и момчиња. На овој начин нема да им се восхитуваат на погрешните луѓе“.
Што мислите вие за лагите на инфлуенсерите? Дали им создаваат и ги учат младите момчиња и девојки на погрешни вредности?