Татко донирал бубрег за неговиот 4-годишен син да може да има нормален живот

Родителите за децата секогаш се најважните личности, а овој татко стана вистински „супер-херој“ откако донираше бубрег за неговиот 4-годишен син. Приказната за овој татко и неговиот син е уште еден доказ дека родителската љубов не познава граници.

Ljubovta-na-tatkoto-ne-poznava-granici-doniral-bubreg-za-negoviot-4-godishen-sin-da-ima-normalen-zivot-01.jpg

На малиот Оливер Кајтли од Велика Британија му било дијагностицирано хронично заболување на бубрезите кога бил бебе. Оливер првите четири години од животот ги поминал во болница на дијализа.

Сепак, таткото бил одлучен да му „подари“ на синот нормален живот. Откако дознал дека неговите бубрези се соодветни, таткото Џон во април отишол на операција.

Ljubovta-na-tatkoto-ne-poznava-granici-doniral-bubreg-za-negoviot-4-godishen-sin-da-ima-normalen-zivot-02.jpg

Како и со сите други медицински случаи, така и Џон и Оливер се соочиле со одложување на процедурата поради светската пандемија, но сепак, минатиот месец по 4-часовна операција Оливер конечно го добил новиот бубрег. Тие двајцата сега се дома во Англија.

„Многу сум среќен што се согласив со трансплатацијата и на Оливер му подарив можност да живее. Тој смета дека јас сум вистински „супер-херој“. Навистина бев мошне вознемирен, но сè беше за мојот син“ – вели Џон.

Тој додава дека претходно било мошне тешко да му се објасни на Оливер дека нема можност да ги прави работите што сака да ги прави, главно затоа што, како и секое дете, многу сакал да си игра. Операцијата на родителите им дава надеж дека Оливер конечно ќе може да си игра послободно како и неговите врсници.

Ljubovta-na-tatkoto-ne-poznava-granici-doniral-bubreg-za-negoviot-4-godishen-sin-da-ima-normalen-zivot-03.jpg

„Многу сум горда со нив двајцата. Оливер сонуваше да оди да плива или да скока на трамболина и сега конечно можеме да им кажеме збогум на дијализите секоја недела. Тоа беше неверојатен подарок.

Оливер е мошне темпераментно и мошне итро момче. Ги сака животните и диносаурусите и знае да именува голем дел од нив. Му купивме диносауруси кога почнаа да му ги тргаат цевчињата во болницата затоа што беше премногу храбар. Помина низ многу, но нè направи посилни како семејство и многу се радуваме што конечно сме дома“ - изјави мајката Кат Тејлор.

Инаку, Оливер ќе мора да прима лекови во текот на целиот живот, со цел неговото тело да не го отфрли трансплантираниот орган, но, нема да биде подложен на дијализа секоја недела.

ljubovta-na-tatkoto-ne-poznava-granici-doniral-bubreg-za-negoviot-4-godishen-sin-da-ima-normalen-zivot-15.jpg

Ljubovta-na-tatkoto-ne-poznava-granici-doniral-bubreg-za-negoviot-4-godishen-sin-da-ima-normalen-zivot-05.jpg

Ljubovta-na-tatkoto-ne-poznava-granici-doniral-bubreg-za-negoviot-4-godishen-sin-da-ima-normalen-zivot-06.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Добри уметници, но лоши родители - Славни личности кои не разговараат со своите деца 50 Cent го споредил својот син со змија. Религијата во која членува Том Круз не ...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Таткото на Бјанка Сенсори, кој бил дел од картел: „Сакам да го прашам Канје зошто ја шета ќерка ми г... „Таткото на Бјанка, Лео, сака да седне со Канје и да го праша што мисли па ја па...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg