Мајка горда на емотивниот потег на синот – прифатил да биде партнер за матура на непозната девојка со физичка попреченост

Кога мајката на 17-годишниот Карсон му кажала за Изи - девојка со попреченост која останала без партнер за матурска - тој без двоумење ѝ рекол дека тој ќе оди со неа и си го исполнил ветувањето.

devojka-so-fizichka-poprechenost-ostanala-bez-partner-za-maturska-mlado-momche-ne-dozvolilo-da-odi-sama-01.jpg

17-годишната Изабел, односно Изи, се подготвувала за нејзината матурска вечер која со нетрпение ја очекувала, но нејзиниот партнер се разболел па таа немала со кого да оди. Изи е лице со попреченост и не може да се движи без помош на инвалидска количка.

Не знаејќи што друго да прави, нејзината мајка Синди ја споделила приказната во Фејсбук група:

„Мојата прерасна ќерка Изабел има 16 години и е во инвалидска количка. Зборувавме за матурската и сега нејзиниот партнер не може да оди. Дали има некое младо момче кое би сакало да присуствува на матурската за лица со попреченост со оваа прекрасна девојка?“

devojka-so-fizichka-poprechenost-ostanala-bez-partner-za-maturska-mlado-momche-ne-dozvolilo-da-odi-sama-03.jpg

Објавата ја здогледала жена по име Трина Прис и веднаш почнала да плаче. Во тој момент, во собата влегол синот на Трина, Карсон, и ја прашал што се случува. Кога таа му кажала, 17-годишното момче без двоумење рекло дека тоа ќе оди на матурска со Изабел.

devojka-so-fizichka-poprechenost-ostanala-bez-partner-za-maturska-mlado-momche-ne-dozvolilo-da-odi-sama-05.jpg

Карсон си го одржал ветувањето, а подоцна неговата мајка ја сподели приказната на Фејсбук, заедно со неколку фотки од посебниот ден:

„Пред неколку недели плачев и Карсон ме праша што е проблемот. Му ја прочитав Фејсбук објавата од мајка на 16-годишно девојче со попреченост, на кое му треба партнер за да оди на нејзината матурска. Тој ми рече: ’Мамо, јас ќе одам‘.

И, навистина отиде! Денот пред матурската бевме кај неа за да ја украсиме собата на Изи и за да се запознаат со Карсон. Потоа, тој беше со неа на матурската вечер. По матурската беа во нејзината соба повеќе од еден час и заедно гледаа цртани!

Изи не може да зборува, се движи со инвалидска количка и обично не комуницира. Но, имаше неколку моменти каде што нејзиниот поглед се сретна со оној на Карсон и можев да ја видам среќата во нејзините очи, но и во неговите.

Ова е само приказна за момче кое со гордост го нарекувам син!“

devojka-so-fizichka-poprechenost-ostanala-bez-partner-za-maturska-mlado-momche-ne-dozvolilo-da-odi-sama-04.jpg

По матурската, Карсон и Изи не контактирале, но младото момче ѝ напишало порака на мајката на Изи во која се заблагодарува за можноста да ѝ прави друштво на нејзината ќерка.

Тој дури ѝ рекол дека ако има потреба, со задоволство повторно би ѝ правел друштво на Изи. Карсон рекол и дека штом ќе заврши учебната година, ќе оди да ја посети Изи за да гледаат цртани и да се дружат.

devojka-so-fizichka-poprechenost-ostanala-bez-partner-za-maturska-mlado-momche-ne-dozvolilo-da-odi-sama-06.jpg

devojka-so-fizichka-poprechenost-ostanala-bez-partner-za-maturska-mlado-momche-ne-dozvolilo-da-odi-sama-02.jpg

Приказната привлече многу внимание ширум светот, па пред некој ден се огласи и мајката на Изи на нејзиниот Фејсбук профил:

„Имам безброј пораки со прекрасни зборови. Викендов, светот стана малку помал“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојка отиде на соло меден месец, откако ѝ починал свршеникот - на 1 месец пред свадбата Лора од Канада одлучила да замине на планираниот меден месец, иако соло, за да в...
Девојка од Австралија 12 години патува сама низ светот и спие бесплатно по хотели (фото) „Животот ме одведе во хотели со 5 ѕвезди, летови со прва класа, најубави рестора...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg