Беше најсиромашен принц кога се ожени со кралицата, а по смртта остави милиони – кој ќе го наследи богатството на Филип?

Пред да се ожени за кралицата Елизабета, Филип бил осиромашен принц од растурено семејство, кој бил приморан да ѝ се приклучи на кралската морнарица, каде што практично и се запознава со љубовта на неговиот живот. Денес, се проценува дека зад себе принцот остави богатство вредно помеѓу 10 и 30 милиони британски фунти, односно околу 12 до 35 милиони евра.

Koga-Filip-se-ozenil-za-kralicata-bil-siromashen-princ-denes-ostava-bogatstvo-od-nad-10-milioni-funti-koj-kje-go-nasledi-01.jpg

По смртта на принцот Филип, се поставува прашањето: Кому ќе му припадне богатството што тој го остави зад себе?

Засега не се знае точниот износ на богатството што тој го остави по својата смрт, но добро познат факт е дека преку работењето во морнарицата, кралските должности и, секако, преку инвестиции, починатиот принц успеа да собере масовно богатство, како и поголем број вредни предмети. Исто така, тој поседуваше многу имоти, како и вредни колекционерски предмети, уметнички дела и ретки книги.

Koga-Filip-se-ozenil-za-kralicata-bil-siromashen-princ-denes-ostava-bogatstvo-od-nad-10-milioni-funti-koj-kje-go-nasledi-02.jpg

Како што пишуваат британските медиуми, голем дел од овие имоти се во заедничка сопственост со кралицата, така што таа останува нивни единствен сопственик. Сепак, некои вредни предмети веќе се дадени на други членови од кралското семејство.

Така, на пример, неговите пони коњи и темно зелената кочија ќе ѝ припаднат на 17-годишната леди Луиз, која е внука на Филип од неговиот најмал син - принцот Едвард.

Koga-Filip-se-ozenil-za-kralicata-bil-siromashen-princ-denes-ostava-bogatstvo-od-nad-10-milioni-funti-koj-kje-go-nasledi-03.jpg

Младата Луиз ја наследила љубовта на дедо ѝ за спортско возење кочии, а принцот го следеше и нејзиниот натпревар во 2019-тата година, кога таа го освои третото место.

Но, ова не е единственото нешто што семејството на принцот Едвард ќе го наследи.

Веќе се знае дека по смртта на кралицата, Едвард ќе ја наследи и титулата на неговиот татко - војводата од Единбург - заедно со сите привилегии што таа титула ги носи.

Koga-Filip-se-ozenil-za-kralicata-bil-siromashen-princ-denes-ostava-bogatstvo-od-nad-10-milioni-funti-koj-kje-go-nasledi-04.jpg

Сепак, поголемиот дел од богатството ќе оди во наследство на кралицата, а според традицијата на британското кралско семејство, по нејзината смрт, сѐ што поседува таа ќе биде наследено од оној што е следен во линијата, односно принцот Чарлс.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Исповед на скијач кој 23 часа бил затрупан под лавина и преживеал: „Не сум верник, но таа вечер се м... „Знаев дека не смеам да се предадам. Дека не смеам да заспијам, затоа што тоа ќе...
Баба му на Чарлс двапати го победила ракот и живеела до 101 година – Дали болеста е „проклетството“ ... Баба му имала две операции заради рак, а двајца дедовци биле „покосени“ од болес...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg