„Дали сум храбар или луд што се женам со неа?“ – двоумењата на принцот Филип за бракот со Елизабета

„Тој беше несигурен, но не затоа што се жени со неа, туку за тоа што ќе значи тој брак за него. Се откажуваше од многу работи...“

dali-sum-hrabar-ili-lud-shto-se-zhenam-so-nea-dvoumenjata-na-princot-filip-za-brakot-so-elizabeta-01.jpg

„Дали принцот Филип беше вљубен во принцезата Елизабета кога ја запроси?“ Во тоа време тој беше сиромашен принц, со растурено семејство и без дом кој можеше да го нарекува свој.

Многумина веруваа дека тој не се жени со Елизабета од вистинската причина, односно дека не станува збор љубов, туку за интерес. Но, неговите блиски пријатели имаа поинаква слика за работите.

dali-sum-hrabar-ili-lud-shto-se-zhenam-so-nea-dvoumenjata-na-princot-filip-za-brakot-so-elizabeta-07.jpg

„Тој можеби имаше двоумења во што се впушта – целата таа работа да се ожените со ќерката на кралот на Англија е малку застрашувачка, па тоа му создаваше грижи“, тврди негова прва братучетка.

„Но, тој немаше двоумења околу неговата идна сопруга. Ја обожаваше. Ја сакаше длабоко и тоа се гледаше од далеку. Дефинитивно беа вљубен пар“, додава таа.

dali-sum-hrabar-ili-lud-shto-se-zhenam-so-nea-dvoumenjata-na-princot-filip-za-brakot-so-elizabeta-08.jpg

Мајк Паркер, најдобриот пријател на принцот Филип вели: „Ја сакаше – апсолутно. И ѝ се воодушевуваше, нема прашања тука.“

Иако многумина припадници на кралското семејство се сомневале во неговите намери, не им се допаѓал, не му верувале и го третирале како аутсајдер, Елизабета не се откажала од него, без разлика на ставовите на другите.

dali-sum-hrabar-ili-lud-shto-se-zhenam-so-nea-dvoumenjata-na-princot-filip-za-brakot-so-elizabeta-03.jpg

„Не знам дали Елизабета го забележа тоа, но бракот едвај го промени нејзиниот живот, а неговиот го промени од корен“, вели неговиот пријател.

Утрото на свадбата принцот Филип на една роднина ѝ го поставил прашањето: „Дали сум многу храбар или многу луд?“, мислејќи на тоа што стапува во брак со Елизабета.

dali-sum-hrabar-ili-lud-shto-se-zhenam-so-nea-dvoumenjata-na-princot-filip-za-brakot-so-elizabeta-04.jpg

„Тој беше несигурен, но не затоа што се жени со неа, туку за тоа што ќе значи тој брак за него. Се откажуваше од многу работи. За почеток тоа утро престана да пуши, поради тоа што Елизабета го замолила, откако видела како негативно влијаеле цигарите врз нејзините родители. Но, тој беше навистина дисциплиниран и успеа да се откаже веднаш.“

dali-sum-hrabar-ili-lud-shto-se-zhenam-so-nea-dvoumenjata-na-princot-filip-za-brakot-so-elizabeta-05.jpg

„Кога сфати дека за неа би направил сѐ, принцот Филип се ожени со неа и никогаш не погледна назад. Тие уживаа во брачниот живот од самиот почеток, а кога Елизабета беше малку срамежлива, Филип ја охрабруваше да се забавува повеќе.

dali-sum-hrabar-ili-lud-shto-se-zhenam-so-nea-dvoumenjata-na-princot-filip-za-brakot-so-elizabeta-02.jpg

Тој беше типот кој скока наоколу и ги поздравува сите. Неговиот шарм веше непобедлив и Елизабета изгледаше среќна покрај него, целиот свој живот“, заклучуваат неговите пријатели.

dali-sum-hrabar-ili-lud-shto-se-zhenam-so-nea-dvoumenjata-na-princot-filip-za-brakot-so-elizabeta-06.jpg

Прочитајте и Мигот кога 13-годишната принцеза Елизабета се вљубила во Филип (19) и не погледнала друг маж оттогаш (фото)

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...
Ѝ се додворувал додека бил излезен со нејзина другарка, еднаш му раскинала - Помалку познати детали ... Доналд и Меланија Трамп се во брак од 2005-та година, а малкумина знаат како зап...
Се вљубила во шеикот на Дубаи, кога останала бремена ја оставил за друга – Животот на Нивин Ел Гама,... По само 2 години нивната бајка се претворила во кошмар. На телевизија видела дек...
Сонувала да се омажи за богат маж, но сама заработила милиони - Самохрана мајка од Гана е вистинска ... Одбила брак со милионер, останала сама со 2 деца и морала да се врати во родното...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg