Поранешната принцеза на Луксембург му ја честиташе свршувачката на бившиот сопруг принцот Луи
- Детали
- недела, 18 април 2021
Кога бившата сопруга ќе ти честита за новата избраничка... И тоа е реалност – во кралското семејство во Луксембург.
Поранешната принцеза на Луксембург Теси Антони (34) му ја честиташе свршувачката на поранешниот сопруг принцот Луи со новата избраничка Скарлет-Лорен (29).
Откако беше објавено дека 34-годишниот принц ќе се венча со адвокатката од Париз, Теси веднаш им посака среќа. Таа само еден месец претходно објави дека го очекува првото дете со швајцарскиот бизнисмен Франк Флоесел, со кого е свршена.
Инаку, принцот Луи и Теси имаат два сина заедно, еден на 14-годишна возраст и еден на 12-годишна возраст, а се разведоа во 2019 година по 13 години брак.
Теси на Инстаграм Стори, по свршувачката на нејзиниот поранешен партнер со новата избраница, сподели дека со својот вереник и синовите им посакуваат сѐ најдобро и многу среќа.
Парот на фотографиите со кои ја објави свршувачката позира во релаксирано издание со џемпери, но потоа тие направија и поформален портрет со родителите на принцот.
Датумот за свадба сѐ уште не е одреден.
Потсетување на фотографија од свадбата на Теси и принцот Луи од 2006 година и уште неколку фотки од нив:
С. С. | Црнобело