Приказна достојна за филм – Двајца соседи свират дуети на пијано преку ѕид, без воопшто да се познаваат (видео)
- Детали
- сабота, 27 март 2021
Џорџо од Велика Британија сфатил дека неговиот сосед е пијанист, па му оставил порака пред вратата предложувајќи му да направат дует преку ѕид. Соседот со задоволство прифатил, па тие почнале да свират заедно секој викенд, без разлика што воопшто не се познаваат.
Џорџо Ло Поро е млад Италијанец кој живее во Велика Британија, чие видео на TikTok стана вирално, а кога ќе ја прочитате приказната, ќе ви стане јасно и зошто.
Џорџо живее во стан во Англија и одвреме-навреме слушал како неговиот сосед свири пијано. На крајот од јануари тој сподели видео на TikTok на кое го слуша свирењето на соседот кое многу му се допаднало.
Неколку денови подоцна, тој сподели уште едно видео, на кое открива дека му оставил порака пред вратата на соседот, замолувајќи го да ја исвири My Heart Will Go On.
Соседот го прифатил предлогот, па на второто видео се гледа како Џорџо уште еднаш ужива во неговиот перформанс.
@giorgio_lp_ #fyp #foryou #piano #uk #love #neighbour #talent #foryoupage
-->-->♬ original sound - Giorgio Lo Porto
Потоа младиот Италијанец решил да му остави порака на соседот во која му се заблагодарува, но тогаш и соседот му оставил порака: „Ова е забавно, ајде да продолжиме“.
Бидејќи и Џорџо знае да свири пијано, решил да му предложи на соседот да направат дует преку ѕидови, односно секој да свири од својот дом. Џорџо неколку години го немал допрено пијаното, па сега видел одлична можност да ѝ се врати на старата страст.
Тој му напишал на соседот дека ќе почне да ја свири River Flows In You. Идејата била штом Џорџо ќе престане, соседот да продолжи со свирење од неговиот дом.
На видеото од дуетот се гледа како Џорџо свири мал дел од песната, престанува, а неколку секунди подоцна се слуша придушениот звук на пијаното на соседот кој ја продолжува.
Видеото од нивниот дует стана вирално и веќе има над 1,7 милиони прегледи.
@giorgio_lp_ It was really fun #fyp #foryou #music #piano #neighbour #duet #love #foryoupage
♬ original sound - Giorgio Lo Porto
Џорџо и соседот се договориле секој викенд да свират заедно, а уште поневеројатно е што тогаш воопшто не се познавале. На едно од видеата Џорџо нагласува дека не знае кој живее од другата страна на ѕидот.
Приказната е толку неверојатна, што поголемиот дел од коментарите велат дека според неа вреди да се направи и филм.
@giorgio_lp_ Lockdown weekends hit different now ? #fyp #foryou #music #love #lockdown #piano #neighbour #duet #foryoupage
♬ original sound - Giorgio Lo Porto
После некое време Џорџо конечно го запознал мистериозниот пијанист. Тој бил 78-годишен вдовец, а неговата сопруга починала во декември од ковид. Мажот се викал Емил и потекнувал од Полска, а живеел во станот до оној на Џорџо само привремено.
Џорџо открива дека Емил постојано свирел и го прифатил предлогот за дует најмногу бидејќи неговата сопруга уживала во неговото свирење.
Истовремено, Емил му бил многу благодарен на Џорџо што, на некој начин, му бил пријател во осамените денови. Тогаш младиот Италијанец му ветил дека ќе свират заедно сè додека тој не се исели.
@giorgio_lp_ I wasn’t surprised - I knew there was a special soul behind that wall #fyp #foryou #music #neighbour #love #piano #foryoupage
♬ original sound - Giorgio Lo Porto
За жал, во видео објавено на 14-ти март, Џорџо открива дека Емил починал, но и дека ќе продолжи да свири во негова чест.
„Драг Емил, знаев многу малку за тебе, но ми го промени животот. Ми ја врати страста, а заедно го споделивме тоа со светот. Ќе бидеш во моето срце. Ќе продолжам да свирам, размислувајќи за тоа колку моќна може да биде музиката. Ми рече дека сум бил твојата светлина, но и ти беше моја. Збогум Емил“, гласи збогувањето на Џорџо со неговиот нов пријател.
@giorgio_lp_ Bye Emil ? #fyp #foryou #music #neighbours #piano #love #foryoupage
♬ original sound - Giorgio Lo Porto
Спирова С. | Црнобело