Принцот Хари веќе живее „нормален“ живот - се вработи во стартап компанија во Калифорнија
- Детали
- среда, 24 март 2021
Принцот Хари полека го остварува својот сон за понормален живот подалеку од кралското семејство, а сега си нашол и работа во стартап компанија во Калифорнија, но од компанијата не откриваат детали за неговата плата.
Први за вработувањето на Хари дознале од The Wall Street Journal, кои откриваат дека сега тој е дел од стартап компанијата BetterUp.
Оваа компанија им нуди услуги поврзани со менталното здравје на своите клиенти. Една од главните задачи на Хари ќе биде јавно да се залага за теми поврзани со менталното здравје.
На веб-сајтот на компанијата пишува дека Хари е дел од лидерскиот тим, а е опишан како хуманитарец, воен ветеран, личност која се залага за менталното здравје и екологист.
Според Wall Street Journal, компанијата не сакала да открие колкава ќе биде платата на Хари.
Хари се вработил околу една недела после ексклузивното интервју со Опра, каде што со Меган открија дека притисокот од кралскиот живот имал ужасно влијание врз нивното ментално здравје.
Наводно, Хари ја одбрал оваа компанија бидејќи сфатил дека имаат заеднички интереси, но и бидејќи ова ќе му даде можност да им помага на другите.
Моментално Хари и Меган живеат во Калифорнија, а Хари го запознал извршниот дирекор на компанијата преку заеднички пријател и почнал да размислува да работи за нив минатата есен.
Извршниот директор открива дека Хари веќе помогнал во донесувањето на неколку одлуки за компанијата и смислувал стратегии за работа.
За компанијата, пак, вработувањето на Хари е одличен потег бидејќи покрај нов вработен, им дава и бесплатен публицитет.
Погледнете и Принцот Хари си вози велосипед - фотографиран првпат по интервјуто на Опра
Спирова С. | Црнобело