„Депресијата нема изглед“ – Девојка испраќа моќна порака со „среќна“ фотографија од неа направена 5 дена по обид за самоубиство

21-годишната Ели од Кардиф сака да му покаже на светот дека скоро сите кои имаат депресија и слични психички проблеми ги кријат зад насмевка, споделувајќи „среќна“ фотографија од неа направена само 5 дена после нејзиниот обид за самоубиство.

depresijata-nema-izgled-devojka-isprakja-mokjna-poraka-so-srekjna-fotografija-od-nea-napravena-5-dena-posle-obid-za-samoubistvo-01.jpg

Елунед Андерсон или, како што ја знаат пријателите, Ели, е млада девојка од Кардиф, Велика Британија, која се обидува да ја подигне свеста во врска со проблемите со менталното здравје.

Неодамна на нејзиниот Твитер профил таа сподели фотографија на која има широка насмевка, но во описот открива нешто застрашувачко:

„Пет дена пред да ја направам оваа фотографија имав обид за самоубиство. Самоубиството нема изглед“.

depresijata-nema-izgled-devojka-isprakja-mokjna-poraka-so-srekjna-fotografija-od-nea-napravena-5-dena-posle-obid-za-samoubistvo-02.jpg

Наводно, фотографијата е направена кон крајот на минатиот октомври, додека Ели била на вечера со момчето за да ја прослават нивната годишнина.

За жал, за 21-годишната Ели ова бил втор обид за самоубиство. Таа открива дека првпат се обидела да си го одзеде животот на само 13-годишна возраст, бидејќи имала многу трауматично детство.

Минатата година Ели се чувствувала многу лошо, имала бројни проблеми со менталното здравје и помислила дека повеќе не може да ја поднесе болката. Тогаш се затворила во нејзината соба во универзитетскиот интернат и одлучила да изврши самоубиство.

„Тогаш минував низ многу тежок период. Нештата станаа полоши во октомври минатата година, кога се соочив со онлајн малтретирање. На Твитер ми испраќаа пораки во кои ми велеа да се убијам. Беше ужасно и ми требаше огромна сила да се одвратам од намерата. Она што ме спречи да извршам самоубиство беше помислата на моите сакани. Потоа се чувствував толку засрамено, што само лежев во креветот. Неколку денови бев сама со моите мисли“, открива Ели во интервју за познат медиум од Велс.

depresijata-nema-izgled-devojka-isprakja-mokjna-poraka-so-srekjna-fotografija-od-nea-napravena-5-dena-posle-obid-za-samoubistvo-04.jpg

Тој период Ели и се самоповредувала, но сепак успеала да ги прикрие нејзините проблеми и да отиде на вечера како ништо да не се случило. Со фотографијата од таа вечер, Ели само сака да му покаже на светот дека никогаш не знаете кој од вашите сакани страда од депресија, па дури и размислува за самоубиство.

Како што напоменавме, Ели имала трауматично детство, а ова имало огромно влијание врз нејзините психички проблеми.

„Од мала ме учеа дека не треба да кажувам што се случува дома. Морав да научам да се преправам дека сум среќна бидејќи не ми остануваше ништо друго“.

depresijata-nema-izgled-devojka-isprakja-mokjna-poraka-so-srekjna-fotografija-od-nea-napravena-5-dena-posle-obid-za-samoubistvo-03.jpg

Ели студира на Универзитетот во Ливерпул и е трета година. Била дијагностицирана со анксиозно нарушување кратко откако се запишала на факултет и сега оди на терапија, за која вели дека ѝ е од огромна помош.

Откако ја споделила фотографијата на Твитер, таа забележала дека повеќето луѓе го коментираат нејзиниот изглед, а не пораката што се обидува да ја испрати и смета дека ова е тажната, но реална слика за стигмата поврзана со менталните проблеми која постои во општеството. Ели открива дека одлучила да ја сподели нејзината приказна откако јавноста почна да ја критикува Меган Маркл која собра храброст да сподели дека имала суицидни мисли пред да го напуштат кралското семејство со Хари.

„Луѓето си имаат некаква замисла за тоа како изгледаат луѓето со ментални проблеми. Не сфаќаат дека моите ментални проблеми се скриени. Однадвор, јас сум самоуверена жена, но сепак постојат денови кога ми е страв да се соочам со светот. Никогаш не знаете што кријат другите зад нивната маска“.

На почетокот Ели била исплашена од нејзината дијагноза токму поради ова.

„Прво ми беше страв да одам на психијатар поради стигмата за менталните проблеми. Но, кога ја добив дијагнозата почувствував некакво олеснување, бидејќи сфатив дека не треба да се плашам да побарам помош“.

depresijata-nema-izgled-devojka-isprakja-mokjna-poraka-so-srekjna-fotografija-od-nea-napravena-5-dena-posle-obid-za-samoubistvo-05.jpg

Ели се надева дека нејзината приказна ќе им помогне на другите во слична ситуација:

„Сега јас сум подготвена да зборувам за траумите и негативните искуства, но јасно ми е дека не секој може да го направи тоа. Само сакам да им покажам на оние кои водат ваква битка дека не се сами. Ако мојата приказна му помогне на барем еден човек, тогаш ќе бидам среќна“.

Прочитајте и Искрена исповед: „Како изгледа мојата депресија? Како џин на моите гради!“

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg