Зошто ова е најмоќната фотографија од Меган Маркл и каква порака ни испраќа?
- Детали
- среда, 10 март 2021
И додека нејзиниот сопруг ја убедувал да не присуствува на настанот во Royal Albert Hall, Меган му рекла „не можам да останам дома сама“, a таму таа блескаше како ретко кога.
Кога Меган Маркл се појави на кралски настан во јануари 2019 година, поточно на премиерата на премиерата на Cirque du Soleil Totem show, сите светски медиуми пишуваа за прекрасната, бремена војвотка со беспрекорна шминка и топла насмевка.
Но, вистината е дека Меган во тој миг се чувствувала многу поразлично од што говори фотографијата.
Утрото пред настанот Меган му кажала на принцот Хари дека има суицидни мисли, откри неодамна таа во гостувањето во шоуто на Опра.
И додека нејзиниот сопруг ја убедувал да не присуствува на настанот во Royal Albert Hall, Меган му рекла „не можам да останам дома сама“.
Меган во шоуто откри дека ако ја зумирате оваа фотографија ќе откриете колку цврсто тие се држат за раце.
„Ќе видите дека дури ни се побелени зглобовите, додека се смееме и си ја вршиме работата, но двајцата само се трудиме да го издржиме овој миг“, откри Меган.
„И секој пат кога ќе се изгаснеа светлата јас само плачев, а тој ме држеше цврсто за рака.“
Оваа фотографија е лекција дека немате идеја што му се случува некому зад затворени врати. Дури и на луѓето кои се смеат со најголеми насмевки и блескаат, не можете да знаете што всушност им се случува.
На светот Меган воопшто не му изгледаше ниту депресивна, ниту суицидна во тој миг, но сепак нејзиното ментално здравје било нарушено и таа била во опасност.
Тоа ни го носи прашањето: „Како всушност изгледа депресијата?“
Неврологот Санам Хафез вели: „Не секоја личност што се бори со депресија ги презентира симптомите пред јавноста. Некои луѓе ја кријат депресијата и на другите им е тешко да забележат дека нешто не е во ред, како што беше случајот со Меган Маркл, која се смешка на кралски настан само неколку часа откако му кажала на сопругот дека има потреба од третман за менталното здравје. Никој не знаеше дека Меган помислувала на самоубиство додека блескаше во синиот светкав фустан.“
Бидејќи депресијата понекогаш е тешко да се забележи, треба да внимавате дали вашите блиски луѓе прават промена во рутината или имаат некакви промени во однесувањето, без разлика колку мали и беззначајни ви изгледаат тие, од навики за спиење до сексуална желба или расположение.
Многумина можат да стават среќно лице и да глумат дека сѐ е во ред во јавност, но тоа не значи дека не страдаат или не се борат внатрешно.
Случајот на Меган Маркл е доказ за тоа.
Прочитајте и Луѓето што се самоубиваат не сакаат да умрат, само сакаат болката да престане
С. С. | Црнобело