Искрена исповед: „Како изгледа мојата депресија? Како џин на моите гради!“

„Сето лошо што се случува го заслужуваш, си мислам. Не ја обвинувај депресијата не е изговор. Најверојатно не ја ни имаш.“

iskrena-ispoved-kako-izgleda-mojata-depresija-kako-djin-na-moite-gradi-01.jpg

Девојка искрено говори што значи да биде во депресија, какво е чувството...

„Како изгледа мојата депресија? Како џин! Како да имам огромна тежина на моите гради константно.

Се движам забавено. Потребен ми е еден час за да соберам енергија и да си земам пијалак од кујната.

Можам да спијам и да спијам постојано. И ако се разбудам, сакам да земам лекарства за смирување и да заспијам пак. Спиењето значи неразмислување и неразмислувањето значи слатка ништожност.

iskrena-ispoved-kako-izgleda-mojata-depresija-kako-djin-na-moite-gradi-03.png

Поголемиот дел од времето депресијата значи како да сте обвиени во нешто и отапени.

Само лебдам не одам никаде. Понекогаш сакам да врескам, сакам да плачам, но тоа не се случува често.

Депресијата е страшно море за мене дури и кога нема бури и грмотевици.

iskrena-ispoved-kako-izgleda-mojata-depresija-kako-djin-na-moite-gradi-02.jpg

Сѐ е доказ колку сум безвредна. Никој не ми се јавува, никој не се грижи за мене.

Сакам да си ја искубам косата од нервоза, зошто јас не можам да бидам како нормалните луѓе? Се чувствувам како да се казнувам себеси.

Сето лошо што се случува го заслужуваш, си мислам. Не ја обвинувај депресијата не е изговор. Најверојатно не ја ни имаш.

И благодарение на пријателите кои дополнително ме убедуваат во тоа ми станува уште полошо.

Само мајка ми искрено се грижи. Ме застрашува помислата што ќе правам кога ќе ја нема.

Потоа, тука е и мојот психијатар кој вели дека ги пробавме речиси сите апчиња и ништо не делува на мене.

Ѝ кажав дека сѐ е моја вина, ја прашував што не е во ред со мене што ниту едно лекарство не може да направи да се чувствувам подобро?

Вие понекогаш гледате насмевка. Шеги, интелигенција кај мене. Дури и позитивни мисли. Личност посветена на семејството. Перфекционист што се грижи за другите. Самоуверен човек што знае што сака.

iskrena-ispoved-kako-izgleda-mojata-depresija-kako-djin-na-moite-gradi-04.jpg

Но што чувствувам јас?

Дека не сум доволно добра. Дека секогаш има простор за подобрување. Дека сум безвредна, глупава. Дека треба да сум сама, па кој би сакал ваков губитник за пријател?

Си велам подобро е сама. Верувај си само на себе, понекогаш дури ни на себе. Не им дозволувај да знаат која си навистина.

Но, некој треба да ме убеди дека вредам. Исплашена сум. Би сакала да можев да ја симнам мојата маска.

Не сум самоуверена, само научив како да креирам таква слика. Зошто не можам да бидам нормална? Што не е во ред со мене?“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Како да разговарам со ќерката која е во пубертет за дрога, секс и... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да се ослободам од постојаниот страв дека ќе се случи нешто ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
8 причини зошто би можеле да имате болка во брадавиците Многу често брадавиците знаат да болат од триење при носење несоодветен градник ...
Вие прашувате, психолог одговара: „Немам желба да правам ништо, дали страдам од депресија?“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Вие прашувате, психолог одговара: „Моите родители се во поодминати години – се плашам за нивната смр... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
7 знаци дека треба да посетите кардиолог Не се храните здраво и чувствувате болка во градите која се засилува со физичка ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg