Загрозените животински видови добиваат безбедно живеалиште – „Ноева арка“ ќе биде најголемиот парк за конзервација

Резерватите и парковите за конзервација се одличен начин да се зачуваат природните богатства ширум светот, а сега еден британски бизнисмен се обидува да го направи најголемиот ваков парк.

noeva-arka-se-gradi-najgolemiot-park-za-konzervacija-vo-koj-kje-bidat-smesteni-site-zagrozeni-zhivotinski-vidovi-01.jpg

Ричард Принслу Курсон е бизнисмен од Велика Британија кој има за цел да го направи најголемиот парк за конзервација во светот. Проектот ќе биде финансиран од јавноста, односно од донации, а за тоа се потребни околу 5 милијарди долари.

Паркот на Ричард ќе се вика Noah’s Ark, односно „Ноева арка“, а самото име ја опишува неговата големина. Имено, идејата на Ричард е да ги смести скоро сите загрозени животински видови на едно место.

noeva-arka-se-gradi-najgolemiot-park-za-konzervacija-vo-koj-kje-bidat-smesteni-site-zagrozeni-zhivotinski-vidovi-02.jpg

„Животинското царство ја достигна критичната точка – климатските промени, забрзаниот развој, земјоделството, пластиката во океаните и ловењето и убивањето се причина за исчезнување на многу видови од лицето на Земјата.

Ако човештвото продолжи со овој тренд, природниот свет ќе биде уништен за 20 години, а човечката раса ќе треба да се справи со ужасните последици од климатските промени“, пишува на веб-сајтот на проектот.

Изградбата на паркот е почната од август 2020-та во Јужна Африка, а кога ќе биде завршен, ќе се протега на површина од дури 100 километри квадратни.

noeva-arka-se-gradi-najgolemiot-park-za-konzervacija-vo-koj-kje-bidat-smesteni-site-zagrozeni-zhivotinski-vidovi-03.jpg

Ричард сфатил дека ѝ нанесуваме огромна штета на природата и кога го најави планот за изградбата, изјави дека им должиме на идните генерации да ја поправиме штетата.

Со цел да ги собере потребните средства за паркот тој ја основа фондацијата Noah’s Ark, а започна и кампања на GoFundMe.

Не е точно познато кога паркот ќе биде готов, но според веб-сајтот, изградбата ќе трае барем пет години. Кога ќе се земе предвид за колку голем проект станува збор, овој рок е навистина импресивен.

noeva-arka-se-gradi-najgolemiot-park-za-konzervacija-vo-koj-kje-bidat-smesteni-site-zagrozeni-zhivotinski-vidovi-04.jpg

Според плановите, во паркот ќе се наоѓа еден од најголемите аквариуми од светот, како и најголемите вештачки екосистеми кои ќе ги имитираат условите во амазонските дождовни шуми, па дури и Антарктикот.

noeva-arka-se-gradi-najgolemiot-park-za-konzervacija-vo-koj-kje-bidat-smesteni-site-zagrozeni-zhivotinski-vidovi-05.jpg

На веб-сајтот се споделени неколку детали за мисијата на паркот, како:

1. Овозможување место за живеење и заштита на животните кои го преживеале себичното и суровото однесување на луѓето.

2. Населување на паркот со загрозени видови, притоа изготвувајќи програми за нивното размножување.

3. Зголемување на популацијата на загрозените видови, сè додека не се тргнат од таа листа.

4. Постепено враќање на загрозените видови во природата и нивните природни живеалишта.

5. Поттик за создавање непрофитни организации кои ќе преземат нешто во врска со негативното влијание на човекот врз природата и животните.

6. Едукација на населението за загрозените животни и негативното влијание на човекот, па дури и покренување тужби за оние кои ја уништуваат природата.

7. И, се разбира, отворање на паркот за јавноста со цел луѓето да се запознаат со животинскиот свет и да се разбуди нивната свест за заштита на природата.

noeva-arka-se-gradi-najgolemiot-park-za-konzervacija-vo-koj-kje-bidat-smesteni-site-zagrozeni-zhivotinski-vidovi-6.jpg

Покрај живеалиштата за животните, во паркот ќе има и три хотели, места за забава и рекреација на посетителите, штандови за храна, па дури и спа-центар.

Веќе е повеќе од очигледно дека мораме да преземеме нешто и да престанеме да ја уништуваме природата, а ваквите амбициозни проекти се чекор напред во вистинската насока.

noeva-arka-se-gradi-najgolemiot-park-za-konzervacija-vo-koj-kje-bidat-smesteni-site-zagrozeni-zhivotinski-vidovi-07.jpg

noeva-arka-se-gradi-najgolemiot-park-za-konzervacija-vo-koj-kje-bidat-smesteni-site-zagrozeni-zhivotinski-vidovi-08.jpg

noeva-arka-se-gradi-najgolemiot-park-za-konzervacija-vo-koj-kje-bidat-smesteni-site-zagrozeni-zhivotinski-vidovi-09.jpg

Спирова С. | Црнобело / Фото: Noah's Ark

Би можело да ве интересира:

Потресно сведоштво на маж, жртва на домашно насилство: „Сопругата ми се закануваше со нож“ „Полошо од физичкото насилство, беа навредите и работите што ме деморализираа“, ...
Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...
„Ме прогонува“ - Бизарна маица со принт од свиња го згрози светот „Оваа страшна маица ме прогонува“ е еден од коментарите за маицата која ги подел...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Потег за восхит: Бразилец посадил 40.000 дрвја во Сао Паоло и направил зелена оаза среде градот (фот... Бизнисмен од Бразил поминал 20 години садејќи дрвја покрај брегот на река во Сао...
Детски парк во Јапонија е сон на секој родител од Македонија (видео) Зип лајн, тобогани, авантуристички мостови.... За забавни паркови како во Јапони...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg