Не очекувала дека треба да се поклони пред кралицата, не гуглала за Хари - Дали навистина Меган Маркл влегла „неподготвена“ во кралското семејство?
- Детали
- вторник, 09 март 2021
Меган откри дека поранешната жена на принцот Ендру ја научила да се поклони пред кралицата, ја гуглала британската химна, а не истражвала ништо за никој од семејството – но, дали навистина влегла толку наивно во кралската улога, откриваат британските медиуми...
Во интервјуто кај Опра, Меган и Хари откриваат шокантни детали за животот во кралското семејство, притисокот кој го чувствувале од членовите, а и последиците кои произлегле од сето тоа.
Освен тајните за односот со членовите на кралското семејство и притисокот, Меган споделува и какво било нејзиното искуство на почетокот, што знаела, а што не знаела за нив пред да влезе.
Колку неподготвено влегла Меган во семејството, според нејзините тврдења во интервјуто, објавени во Daily Mail?
- Не растела со познавање на животот на кралското семејство и не знаела многу за нив
- Никогаш не го гуглала нејзиниот сопруг и никогаш не истражувала за никој од кралското семејство
- Влегла наивно во улогата до степен што не знаела за протоколите за средба со кралицата и се шокирала кога Хари ѝ кажал што треба да направи:
„Мислев дека поклонувањето е само за пред јавност, му кажав дека дека таа му е баба, зарем треба да се поклони, а тој ми одговори – но, таа е кралицата.“
- Немала никакви сознанија претходно за однесувањето во кралското семејство, бидејќи не добила никакво упатство иако има премногу правила, а филмовите не учат како треба да зборуваш, како да ги прекрстиш нозете и како да бидеш кралски член
- Неколку моменти пред да се сретне со кралицата, војвотката Сара Фергусон ја учела како да се поклони, бидејќи наводно не знаела дека ќе треба да го прави тоа
- Ја гуглала британската химна, бидејќи никој не си помислувал дека таа е Американка и нема да ја знае, но сепак не сакала да ги посрамоти
Сепак, не сите веруваат дека таа била баш толку неподготвена за влез во кралското семејство, а британските медиуми се обидуваат да го докажат тоа и да ги побијат нејзините теории, на укажувајќи на неколку претходни докази, како и изјави на нејзини блиски пријатели или познаници, кои се спротивни на она што го говори.
Дали навистина Меган влегла толку наивно во кралската улога?
- Нинаки Приди, најдобрата пријателка на Меган од детството, има изјавено дека Меган отсекогаш била фасцинирана од кралското семејство:
„Имаше книга од принцезата Дијана на полица, а дури и додека беше со Тревор ми кажуваше дека сака да оди во Лондон, а гледаше и филмови поврзани со принцезата Дијана“.
- Меган има фотка пред Бакингемската палата со пријателката Нинаки, кога имала 15 години, во 1996-та, иако тврди дека не била фасцинирана од кралското семејство и не растела со познавања за нив
- Кралскиот автор Роберт Џобсон се сомнева во нејзината наивност:
„Уште на почетокот тврдеше дека немала идеја кој е принцот Хари. Сериозно ли?“
- Во интервју од 2019-та, Меган признава дека пријателите од Британија ја предупредиле за врската со Хари уште на почетокот и за целото кралско семејство
- Во интервјуто откри и дека била пријателка со принцезата Евгенија уште пред да го знае Хари, па тоа ѝ било олеснување, што значи сепак имала некакво познавање за семејството
Полусестрата на Меган, исто така излезе во медиумите со напад кон неа - прочитајте: „Депресијата ѝ е изговор“ – Полусестрата на Меган Маркл тврди дека таа кажува лаги во интервјуто со Опра
М. М. | Црнобело