Самовили, јавање „еднорог“: Мајка направи волшебна прослава од 2.500 евра за 5-иот роденден на ќерката (фото)
- Детали
- недела, 07 март 2021
На прославата девојчињата се облечени како самовили, градината е украсена со балони, децата јадат шеќерна волна и јаваат коњ преправен во еднорог – мајка од Австралија направила роденден од соништата за својата ќеркичка.
Секое мало девојче сонува барем за момент да се почувствува како принцезите од бајките, а Деби Тарверан од Перт ѝ овозможила на ќеркичката токму таква роденденска прослава.
За 5-иот роденден на ќеркичката да биде совршен, Деби најмила организатор на забави, кој се погрижил секое ќоше да изгледа магично.
Роденденската прослава е во парк, односно градина, која е украсена со многу балони и благи јадења. Славеничката и нејзините другарки се облечени како мали самовили, а имало и голема, „вистинска“ самовила, која им покажувала магична прашина и им раскажувала приказни на девојчињата за магичните суштества.
„Насмевката и среќата на лицата на ќерка ми и нејзините другарки беше непроценлива. Ми се насолзија очите. Беше прекрасно да се гледа таа магична глетка“ – изјавила мајката.
Организаторката на забавите, пак, изјавила дека обожава да планира прослави за деца на средна возраст, кои ја сакаат магијата и волшебниот свет.
И додека има многу такви кои се воодушевуваат на идејата и организацијата на волшебниот роденден, очекувано, многумина сепак сметаат дека мајката претерала со прославата за 5-годишно дете.
Волшебната прослава која чинела околу 2.500 долари, била овековечена од професионален фотограф:
М. М. | Црнобело