„Дечкото кој го откачив по 3 состаноци ми побара да му ги вратам парите за вечерите што ги плати“
- Детали
- четврток, 04 март 2021
Алекс Колбот од Висконсин останала без зборови кога момчето со кое излегла трипати побарало да му ги врати пари за состаноците, бидејќи му рекла дека повеќе не сакаат да се гледаат.
Преку апликацијата за состанување Tinder, Алекс од Милвоки, Висконсин, запознала едно момче со кого излегла на три состаноци. Кога му кажала дека не сака да се гледаат повеќе, момчето ѝ испратило порака во која ѝ бара 35 долари, односно половина од парите што тој ги платил за трите состаноци.
Алекс ја сподели приказната на Твитер, заедно со скриншот од пораката, изјавувајќи дека не може да поверува на смелоста на момчето:
„Здраво Алекс, се надевам дека си добро. Бидејќи нема да се гледаме повеќе, мислам дека е фер да ти побарам пари за состаноците на коишто бевме. Мислам дека трипати излеговме во барови/ресторани, каде што јас платив и за двајцата. Сметам дека 35 долари се фер сума за храната и пијачките што ти ги платив на тие состаноци. Те гледам како фер девојка и се надевам дека ќе ми ги вратиш парите. Ти благодарам!“
It’s the audacity for me. pic.twitter.com/YnxV6F5Mor
— Alex (@alexx_colboth) February 25, 2021
Подоцна Алекс изјави дека нема намера да му ги врати парите. Истовремено, таа нагласува дека на сите три состаноци понудила да плати, но момчето инсистирало да ја чести.
Нејзината објава стана вирална, а во коментарите почна да се води добро познатата дебата за тоа кој треба да плаќа кога двајца луѓе одат на состанок.
„Немојте да викате дека ќе платите за нешто, а потоа да се премислувате. Тој самиот одлучил да плати за состаноците. Ако сакал да ја дели сметката, требало да каже уште тогаш“.
„Не е проблемот што побарал да ја платат сметката заедно, проблемот е што тој го бара тоа откако сфатил дека нема да бидат заедно. Значи, тој не платил бидејќи е добра личност, туку бидејќи очекувал награда за тоа како, на пример, секс, а ова е многу чудно“.
Некои, пак, го бранат момчето:
„Мислам дека не е во ред што го напаѓате момчето. Зарем заборавивте колку луѓе денес немаат работа и пари за храна?“
„Зошто луѓето мислат дека мажите треба да плаќаат за женската храна? Јас и момчето наизменично плаќаме за нашите сметки и никогаш не се расправаме за тоа – ниту јас му должам него, ниту тој мене“.
„Значи сакате полова еднаквост, но само кога вам ви одговара“.
Што мислите вие, дали е во ред што момчето ги побарало парите откако сфатило дека нема иднина со девојката или сметате дека таа е во право?
Спирова С. | Црнобело