Го држи прстенот со заби – Маж ја запроси девојката среде скок со падобран на височина од 5.000 метри (видео)
- Детали
- среда, 03 март 2021
38-годишниот Рахим Хаџир кој живее во САД ја запросил својата девојка додека скокале со падобран, на височина од речиси 5.000 метри, а вели дека почувствувал огромно олеснување кога таа прифатила, но и поради тоа што не им паднал прстенот, иако со него носел втор како замена.
Рахим решил да ја запроси неговата девојка, 27-годишната Кејтлин Рул, додека скокаат со падобран, а додека да го постави прашањето, прстенот го држел со забите.
Тие скокале од авион над Големиот Кањон во Аризона, а Рахим вели дека носел и резервен прстен во случај да му падне првиот.
Рахим е професионален падобранец и тренира да стане пилот, а ја добил идејата за необичното запросување една недела порано.
„Сакав запросувањето да биде нешто невидено досега. Не сакав обично запросување, со криење на прстенот во торта или чаша шампањ. Помислив дека постои огромен ризик да го изгубам прстенот, но и дека ако таа ме одбие, слетувањето ќе биде навистина непријатно. За среќа, прифати“.
Кејтлин, пак, воопшто не очекувала запросување бидејќи со Рахим никогаш не ни зборувале на таа тема. Сепак, без двоумење кажала „ДА“.
„Заедно имаме дете и воопшто не очекував запросување бидејќи никогаш не сме зборувале за нешто такво. Тој ден во последен момент одлучивме да скокаме со падобран бидејќи времето беше убаво. Бев навистина шокирана и останав без зборови“, вели таа.
Рахим и Кејтлин се заедно околу три години, а се запознале во бар во Мајами. Заедно ја имаат 2-годишната ќерка Бела. Рахим, кој потекнува од Иран, ја научил Кејтлин да скока со падобран набрзо откако се запознале, па ова им станало омиленото хоби.
„Рахим скока со падобран секој ден поради неговата работа, а неколкупати годишно и јас одам со него. Првиот пат кога ме однесе бевме заедно само две недели и тогаш не ни ми кажа што ќе правиме.
Кога стигнавме до авионот, само ми рече дека ќе скокаме со падобран, а јас морав да се преправам дека не сум возбудена бидејќи бевме заедно многу краток период. Навистина сака да ме изненадува“.
Спирова С. | Црнобело