„Вечна фаза на меден месец“: Фото докази дека Камала Харис е вљубена како тинејџерка во сопругот
- Детали
- петок, 05 февруари 2021
Потпретседателката на САД отворено покажува колку е вљубена во својот сопруг Даг Емхоф, нивните фотографии се вистинско освежување по студените и одглумени сцени на Доналд и Меланија Трамп.
Камала Харис е во брак со Даг Емхоф веќе 6 години, а тие сѐ уште не можат да се наситат еден од друг. Изгледаат како вљубени тинејџери и зрачат со позитива.
Во интервју за магазинот New York Times, децата на Даг, Ела и Кол Емхоф, ја опишаа неговата врска со Камала како вечна фаза на меден месец и толку слатка, што дури довивате нагони за повраќање.
Прочитајте и Камала Харис хит кај твитерџиите: Бившата жена на маж ѝ ја поддржa на инаугурацијата - која е Керстин?
Фотографиите од парот низ годините, навистина докажуваат дека тие се вљубени како и првиот ден:
С. С. | Црнобело