Камала Харис хит кај твитерџиите: Бившата жена на маж ѝ ја поддржa на инаугурацијата - која е Керстин?
- Детали
- вторник, 26 јануари 2021
Прекрасната 53-годишна русокоса го воодушеви светот со тоа што е пријателка со новата сопруга на нејзиниот бивши, односно со Камала Харис. Тие се доказ дека постојат цивилизирани луѓе и функционални мешани семејства.
На инаугурацијата се појави мешаното семејство на Камала Харис, а поддршка дојде да ѝ даде дури и поранешната жена на нејзиниот сопруг, односно мајката на нејзината поќерка Ела и посинок Кол, Керстин Емхоф.
Керстин е прекрасна 53-годишна русокоса од Минесота. Со Даглас Емхоф, сегашниот сопруг на Камала, се развела во 2008 година. Работи како менаџер на компанијата за продуцирање филмови Prettybird. Во брак биле од 1992 година.
Даг и Камала стапиле во брак во 2014 година, и тогаш таа станала маќеа на Кол и Ела, а Керстин одлично ја прифатила оваа нивна поврзаност. Камала во неколку пригоди откри дека со Керстин уште од старт добро се согласувале и се разбирале.
Во интервју во 2019 година Камала изјави: „Кога ќе ги запознаете Кол и Ела ќе сфатите дека нивната мајка Керстин е извонредна мајка. Керстин и јас се поврзавме веднаш и сме добри пријателки. Ние станавме дуо кое навива на натпреварите по пливање или кошарка на Ела, често таа е дури засрамена од нас. Понекогаш се шегуваме дека нашето модерно семејство е речиси префункционално.“
На својот Инстаграм профил Керстин сподели повеќе фотографии од денот на инаугурацијата.
Твитерџиите беа воодушевени што Керстин се појавила како поддршка на сопругата на нејзиниот поранешен сопруг и се восхитуваат на убавото пријателство на овие две жени.
Дел од коментарите се дека им се допаѓаат вакви цивилизирани луѓе кои докажуваат дека мешаните семејства можат да бидат функционални.
Прочитајте и Се истакна со стајлингот на инаугурацијата, позира со неизбричени пазуви - која е поќерката на Камала Харис?
Дел од твитовите:
https://twitter.com/jdOswald2/status/1353177244965818368?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1353177244965818368%7Ctwgr%5E&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.news18.com%2Fnews%2Fbuzz%2Fkamala-harris-husbands-ex-wife-was-at-her-swearing-in-ceremony-and-the-internet-cant-praise-her-enough-3336002.html
I follow Kerstin Emhoff, and it was her relationship with Kamala I noted, early on. I trust people who build relationships like this. This is how kind, civilized people forge families. https://t.co/L50lBfj1Ci
— 🐝 Thee Sigmundine🐝 (@Sigmundine2) January 23, 2021
Let’s also hear it for Kerstin Emhoff for proving that blended families are loving families. For everyone involved. https://t.co/NsxmBVOlrE
— Stacey✨🏳️🌈🦄✨ (@gritsnyc) January 21, 2021
Let’s also hear it for Kerstin Emhoff for proving that blended families are loving families. For everyone involved. https://t.co/NsxmBVOlrE
— Stacey✨🏳️🌈🦄✨ (@gritsnyc) January 21, 2021
Ms Kamala, Mr Emhoff and Kerstin Emhoff have some good lessons on blending families and co- parenting. Seeing how Kerstin Emhoff is celebrating and hyping Kamala is so nice and also her just being present at that event is pure class!
— Wario Ngari (@_dungudungu) January 20, 2021
На следната страна фотки од Инстаграм профилот на Керстин Емхоф...